Cult of the Lamb: Woolhaven: Студениот здив на минатотo

во гејминг

Нема никакво сомневање во тоа колку е забавна формулата во Cult of the Lamb. Чедото на Massive Monster успеја мајсторски да ги спои жанровите на roguelike акција и симулација на колонија. И додека играта седи на Steam со запрепастувачко многу позитивни рецензии,, студиото се навраќа со, до сега, најголемата и најамбициозна експанзија — Woolhaven. Основната игра можеби нè научи како да водиме култ преку индоктринација и жртвување, но овој додаток нè соочува со преживување на суровата зима и соочување со заборавеното минато поврзано со вашите јагниња. 

Woolhaven не е наменет за почетници, туку претставува  еден вид ендгејм кој се отклучува при самото комплетирање на основната кампања

Нови предизвици и забрзано темпо

Приказната во проширувањето се врти околу Ингја, заборавениот бог на јагнињата, кој се буди под снегот и бара од вас да го обновите стадото и да ја вратите старата слава на планината. Таквото нешто воопшто нема да биде лесно. Како една од најголемите пречки се истакнува проблематична корупција која се шири низ светот, носејќи нови непријатели како волци и мистериозни лица од минатото.

Како што напоменавме, DLC-то е органски интегрирано во самата игра, но она што почнува со него драстично го менува темпото. Штом загазите во оваа мисија, покрај верата и гладот на следбениците, пинудени сте да се борите и против смрзнувањето и да се залагате за итна изградба на нови структури кои колку-толку би помогнале да ве затоплат. Студот во Woolhaven, како што ќе забележите и самите, не е за потценување и се истакнува како непријател кој е подеднакво смртоносен, ако не и поопасен, од се друго што играта може да ви фрли. 

Очајни времиња – очајни мерки

За да работите бидат поинтересни, а и за да се отклучат повеќе дополнителни работи за занимација, на располагањање имате и целосно нова механика поврзана со сточарството. Ranching одлично се надоврзува на постоечкиот систем на управување со базата, дозволувајќи ви да одгледувате ретки животни кои обезбедуваат волна, топлина, па дури и месо. Дел од животните можете и да ги јавате, со што се отклучува ефикасна и забавна форма за движењето низ светот. Сите механики се одлично имплементирани и пружаат бројни и крајно впечатливи моменти кои го прават престојот во суровиот свет неверојатно забавен.

Освојување нови зандани

Во случај да не ве влечат вакви работи и сте повеќе за навлегување во борбени авантури, имате на располагање истражувањето на две нови, пространи зандани. Новата територија нуди свеж предизвик со нови противници прилагодени на зимската тема. Згора на сево ова што го прочитавте во горните редови, добивате и импресивни 52 нови форми на следбеници, 68 нови декорации и 17 нови градби. Доколку очекувавте помало DLC, тогаш пријатно ќе се изненадите од обемот на содржината. Она што ќе најдете тука комотно може да се гледа како чистокрвна експанзија, а не обичен додаток.

Пример за проширување

Како и основната игра, така и Woolhaven е пример за тоа како треба да изгледа една експанзија, достојно надоврзувајќи се основната игра, менувајќи ги, притоа, клучните правила на начин што има и тематска и механичка смисла. Се работи за содржина која е скроена за сите оние кои бараат длабочина и продолжување на уникатната забава која беше овозможена со основната игра. Во случај да ви се допадна Cult of the Lamb, тогаш Woolhaven мајсторски ќе понуди едно од најбогатите искуства во светот на инди игрите оваа година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments