0 коментари 1 мин. читање

Google потврди дека полицијата може да го прислушува Google Hangouts

Google Hangouts не е најбезбедното место за доверливи разговори, компанијата потврди дека разговорите на сервисот можат да бидат прислушувани од полицијата, јави Motherboard.

Проблемот е поради тоа што сообраќајот на Google Hangouts е криптиран единствено при транзит, а откако пораката ќе пристигне до корисникот за кој е наменета, Google може да пристапи до неа и да ја испрати до полицијата доколку има вакво барање, објаснува PC World.

Податоците за оваа слабост на сервисот на Google доаѓаат од Rеddit AMA, на кој на прашањата на корисниците одговараа Ричард Салгадо и Дејвид Либер од Google, кои се задложени за правни прашања и приватност. Сепак Google е транспарентен кога се во прашања барањата на полицијата и останатите агенции, во првата половина на 2014 имаше единствено седум вакви барања.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top