Новите канцеларии на Microsoft Македонија

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Статии

Microsoft во последните неколку месеци со многу работи покажа дека се редефинира од гигант кој влезе во комфорт зона, во компанија која се залага да понуди подобри услуги, производи и да се доближи до трендовите. Компанијата го редизајнираше Paint, активно работи на HoloLens, претстави кул хардвер Surface и Dial, се приклучи на Linux фондацијата… Оваа енергија на глобално ниво се чини дека се пресликува и во работата на Microsoft во Македонија.

Компанијата после неколку години пауза ја врати конференцијата Microsoft Визија, овој пат вложувајќи многу повеќе напори во нејзината организација и претставување отколку минатите години кога корпоративното беше изедначено со досадното, а од тоа што го забележавме и на сајтот на Македонска Архитектура, компанијата има инвестирано и во нов и кул канцелариски простор.

13-1

© Фотографија на Андријана Тилиќ за КЛ Студио

© Фотографија на Андријана Тилиќ за MARH.mk

© Фотографија на Андријана Тилиќ за КЛ Студио

Во изработка на КЛ студио, новиот 230 метри квадратен простор на Microsoft Македонија изобилува со весели бои, кои се одраз на модерната архитектура во спој со локалната традиција. Канцелариите се наоѓаат во бизнис зградата City Plaza во центарот на Скопје (спроти Рамстор).

© Фотографија на Андријана Тилиќ за MARH.mk

© Фотографија на Андријана Тилиќ за КЛ Студио

„Глобалниот производител, всушност, се обидува да се надмине себе си како бренд преку промовирањето на оригинални канцелариски простори, секаде поинакви и секогаш уникатни – соодветни на сопствениот простор и културен контекст со цел да создаде комфорни простори за своите вработени и гости; наспроти практиката на повеќето глобални компании кои едноставно го реплицираат својот просторен потпис каде и да се наоѓаат во светот.“ – појаснува Дијана Омерагиќ Апостолски за MARH.mk.

© Фотографија на Андријана Тилиќ за MARH.mk

© Фотографија на Андријана Тилиќ за КЛ Студио

© Фотографија на Андријана Тилиќ за MARH.mk

© Фотографија на Андријана Тилиќ за КЛ Студио

  • Автори: КЛ Студио
  • Локација: Скопје, Македонија
  • Површина: 230.0 м2
  • Година на проект: 2016
  • Фотографија: Андријана Тилиќ
  • Изведувач: Хидромонтажа
  • Проект Менаџмент: БАТЕС, Белград

Прочитајте повеќе на MARH.mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk