Surface Studio; нов Surface Book; Paint 3D; Windows 10 Creators Update се само дел од презентациите кои Microsoft ги имаше вчера на својата конференција во Њујорк, САД. Компанијата овој пат се чини дека потполно е фокусирна на привлекување на дизајнерите и уметниците кои традиционално се корисници на Apple.
Хардвер
Иако се очекуваше новиот сè-во-едно компјутер од Microsoft, Surface Studio е најпријатното изненадување на настанот. Компјутерот наликува на iMac, но за разлика од него многу е поблиску до графички таблет отколку до стандарден десктоп. Екранот може да се постави под агол како и масите за цртање, компјутерот доаѓа со пенкало и со нов контролер Surface Dial.
Surface Studio е наменет повеќе за професионалци како графички дизајнери или 3д-артисти. Компјутерот чини од 3.000 за основната до 4.300 американски долари за финалната верзија. Surface Studio е достапен во претпродажба, а испораката започнува на 10. ноември. Еве го хардверот:
- 28-инчен тач дисплеј со резолуција 4.500 х 3.000 и 192 dpi
- Intel Core i5 (6440HQ) или Intel Core i7 (6820HQ) процесор
- Nvidia 960M (2GB GDDR5) или 980M (4GB GDDR5)
- 4 USB 3.0 порти
- Gigabit Ethernet
- MiniDisplay порта
- Читач на SD картички
- 8/16 или 32 GB RAM
- 1 TB (64GB SSD) / 1 TB (128 GB) / 2 TB (128GB SSD)
- 5MP камера
- во претпродажба доаѓа со бесплатен Surface Dial
- Тастатурата, глувчето и пенкалото се вклучени
Surface Dial кој е дополнителен додаток за Surface нуди куп можности и функционалности. Контролерот е своевиден програмабилен „toolbar“. Командите кои можат да се сместат се речиси неограничени, па контролерот ќе биде навистина интересна алатка за зголемена продуктивност.
Новиот Surface, е наречен Book i7 и според најавата ќе биде најмоќниот хибриден уред досега. Уредот доаѓа со шеста генерација на Intel i7 процесори. Според најавата новите верзии на хибридот ќе можат да работат 16 часа со едно полнење на батеријата. Microsoft има три верзии на уредот, а основната доаѓа за 2.400 долари.
- Intel Core i7-8GB/dGPU – 256 GB слободен простор – 2.400 долари
- Intel Core i7-8GB/dGPU – 512 GB слободен простор – 2.800 долари
- Intel Core i7-16GB/dGPU – 1 TB слободен простор – 3.300 долари
Презентациите на Microsoft се еден ден пред настанот на Apple, на кој се очекуваат надградби на речиси сите компјутери од компанијата. Се чини дека овојпат навистина ќе мора да се потрудат за да ги импресионираат своите корисници.
Нова надградба на Windows 10
Creators Upgrade е следната надградба на оперативниот ситем. Според најавата надградбата пристига на почетокот на 2017. Главниот фокус на новата надградба на оперативниот систем е на: 3Д; измешаната реалност (верзија на виртуелна реалност на Microsoft) и 4К гејминг.
Компанијата презентираше неколку апликации. Една од нив овозможува фотографирање или снимање на предмети од околината и креирање на нивни 3д-модели. Новата верзија на Paint сега е 3Д, a дури и дел од Office пакетот овозможува вметнување на 3д-модели.
Со оглед на тоа дека виртуелната реалност и 3д нема да бидат премногу забавни без уред, Microsoft и партнерите на компанијата претставија план во кој HP, Dell, Lenovo, Asus и Acer ќе презентираат уреди за виртуелна реалност.
[…] Leaf е добитник на главната награда во категоријата хардвер, каде го победи Microsoft Surface Studio. […]
[…] Microsoft Surface Studio компјутер изгледа одлично, но има неколку […]
[…] Paint, активно работи на HoloLens, претстави кул хардвер Surface и Dial, се приклучи на Linux фондацијата… Оваа енергија на […]
[…] по дискусиите за хардвер. Откако минатата недела Microsoft и Аpple презентираа хардвер, епизодата помина во […]
[…] интересот на Microsoft не е изненадување. Освен хардвер на задчерашниот настан на Microsoft дел од презентациите се однесуваа и на софтверска […]
[…] За да дознаете за сите новости кои Microsoft ги презентираше на вчерашниот настан, кликнете тука. […]