Порано ривалство и затворена платформа, а сега еден од поглавните членови на Linux-фондацијата. Последните неколку години Microsoft е сѐ поотворен за „пријателство“ со Linux, па компанијата во 2012 беше еден од најголемите потпомагачи на платформата.
Второто големо изненадување е пристапувањето на Google во .NET фондацијата. Развивачите на Angular се љубители на TypeScript и на Visual Studio Code, вели ArsTechica. Сепак Google има и премногу инвестирано во Java за ова да не биде изненадување. Ова секако е добра вест за корисниците на Google Cloud и .NЕТ, бидејќи се чини дека ако ништо друго поддршката за .NET ќе биде подобра.
Како дел од определбата на новиот Microsoft под водство на Сатја Надела, компанијата го издава својот софтвер на повеќе платформи. Оваа година за прв пат SQL Server 2016 излегува и за Linux. Двете верзии се достапни во „preview“-издание. Функционалностите на двете верзии во оваа фаза не се идентични, но финалната фаза најголем дел од функционалноста ќе биде иста на сите платформи.
Дополнително требаше да биде и изненадување и верзијата на Visual Studio за Mac, но сепак компанијата малку прерано ја најави развојната алатка. Станува збор за прилагодување на Xamarin Studios. Алатката е веќе достапна, а најважно е што ќе овозможи колаборација на проeкти на корисници кои работат на Мac и на Windows.
Visual Studio добива и алатки кои можат да се користат за развој на Tizen, оперативниот систем на Samsung. Алатките Visual Studio Tools for Tizen ги издаде Samsung. Ќе им овозможат на развивачите да креираат софтвер за: телевизорите и сличните уреди од Samsung кои не доаѓаат со Android.