Yahoo од следната недела има нов извршен директор. Скот Томпсон, кој го водeше тимот за онлајн плаќање на PayPal, ќе го преземе кормилото на интернет пребарувачот кој во последниве години се наоѓа опколен со прејака конкуренција.
Yahoo во семптември ја отпушти Керол Бартц, а до сега компанијата беше водена од бордот кој одби две понуди за инвестииции. Се очекува делови од Yahoo да бидат продадени.
Г. Томпсон, кој претходно има работено за PayPal каде беше претседател на компанијата и главниот за технологијата, развојот на продукти и архитектурата на PayPal, ќе има вистински предизвик да го врати Yahoo на правиот пат. Секако технолошките иновации се приоритетите на секоја ИТ компанија, но можеби прво ќе треба да го дефинира Yahoo како релевентен интернет пребарувач или како портал кој ќе нуди добра содржина.
„Мојот првичен фокус ќе биде да го запознам тимот и да дознаат повеќе од сите вработени во Yahoo!, работејќи блиску со инжинерите и тимот за продукти, да ги разгледам подлабоко нашите продуки и сервиси за да научам повеќе што на нашите над 700 милини корисници им се допаѓа најмногу и им е најкорисно. Исто така ќе работа со нашите регионални тимови ширум светот за да разберам кои се потребите на нашите рекламни агенции и изадавачи. Очигледно е дека брзината е важна, но ќе ги разгледаме можностите кои се пред нас и конкурентните предизвици со соодветен балан од итност и внимателност. Едвај чекам да почнам!“, вели тој во официјалното соопштение.








Ви препорачувам во иднина за италик формат да користите македонски фонтови (со македонска поддршка) каде се користат правописните букви т, г, д ….