Tesla Model S сега може сам да паркира и да менува ленти

во Свет, Софтвер

Tesla им приреди фантастични изненадувања на дел на сопствениците на нивниот електричен автомобил. Иако, тие изненадувања чинат околу 2.500 долари за наградба на софтверот, сепак за тие пари добиваат уникатно искуство. Софтверската надградба 7.1 за Model S и Model X доаѓа со автопилот кои има неколку автоматизирани функции, јави Business Insider.

Возилата сега можат автоматски да се центрираат на средина на лентите и да возат по средина. Она што е новитет е ограничување на патиштата каде може да се користи автопилотот, така што во населени места брзината на Tesla возилата со автопилот ќе биде ограничена на 7 km/h. Дополнително автомобилот сега може самостојно да ја промени лентата, со едноставно вклучување на жмигавците.

Tesla Model S сега може самостојно да ви го реши проблемот со паралелно паркирање. Софтверот не само што може да пронајде слободен паркинг, туку може и да го паркира автомобилот, а со надградбата на софтверот може да се паркира со предниот дел напред за поедноставно излегување.

Сепак најверојатно најголемата промена е можноста за автономно паркирање и излегување, односно влегување во гаражата. Ова овозможува возачот да го повика автомобилот, но за жал единствено доколку е оддалечен 11 метри.

Илон Маск најави дека планот на компанијата е можност за повикување на возилото од било каде до 2018 година, иако и самиот признава дека ова можеби е преоптимистички. Сепак овие неколку едноставни функции покажуваат колку е компанијата пред конкурентите, со исклучок можеби на Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk