Нови телефони од Google: Google Pixel 7, Google Pixel 7 Pro, а сега и Pixel Watch

во Хардвер

Одлични вести за сите љубители и хардвер ентузијасти. Google ги претстави новите Pixel телефони, а по долг период на најави, конечно е достапен и Pixel Watch, паметниот часовник на Google. Компанијата го најави и Pixel Tablet, но компјутерот ќе биде достапен во 2023 година.

Google Pixel 7

Google го најави новиот Pixel 7 паметен телефон како „економичен флегшип“. Ова е телефонот кој доаѓа со помалку моќен хардвер, но и со пониска цена.

Заеднички новитет за Pro и стандарните модели на телефоните е Tensor G2 процесорот и новите камери. Pixel 7 доаѓа со 6,3-инчен FHD екран со рефреш на 90Hz. Осветлувањето на екранот е 1400 нити.

Кога хардверот е во прашање ќе бидат достапни неколку варијанти. Pixel 7 ќе доаѓа со 128 или 256GB диск и 8GB RAM. Телефоните од оваа генерација доаѓаат со новиот Google Tensor G2 процесор. Процесорот е сличен со претходната верзија, но сега е 4nm, што овозможува да биде поштедлив. Засега нема премногу информации за процесорот, но новиот телефон доаѓа со помала батерија, со капацитет 4355 mAh. Дали поштедливиот процесор ќе биде доволен да не се почувствува намалениот капацитет на батериите ќе видиме.

Промена има кај камерата. Главната камера сега е двојна. Примарната е 50MP, а има и 12МР широкоаголна леќа. Предната камера е 10,8МР и истата може да се користи за отклучување на уредот. Дополнително телефонот има и читач на отпечатоци скриен зад дисплејот.

Секако кога Pixel уредите се во прашање „главна ѕвезда“ е оперативниот систем. Телефонот доаѓа со Android 13 оперативен систем. Google гарантира надградба ба оперативниот систем во следните 3 години, и безбедносни надградби во следните 5 години.

Google Pixel 7 ќе чини 600 долари и веќе е достапен во претпродажба, за жал во ограничен број пазари.

Google Pixel 7 Pro

Pixel 7 Pro е вистинскиот флегшип телефон на Google за оваа година. Телефонот доаѓа со 6,7-инчен QHD+ дисплеј со 120Hz рефреш. Екранот е LTPO, и може, ако ситуацијата дозволува да го намали рефрешот на минимални 10 Hz. Како и Pixel 6 Pro и овој модел е заштитен со Gorilla Glass Victus.

„Дискот“ на телефонот е 128 GB, 256 GB или 512 GB UFS 3.1. За разлика од стандардниот модел доаѓа со 12 GB LPDDR5 RAM.

Камерата е променета и на овој уред; Телефонот сега доаѓа со главен 50MP сензор и 12 MP широкоаголен сензор. За разлика од стандардниот модел, овој доаѓа со дополнителна 48MP 5x телефото зум леќа. Предната камера е иста како и кај стандардниот модел – 10,8МР.

Батеријата на Pro моделот е нешто поголема и е со капацитет 5000 mAh. Се полни преку кабел 23W или безжично со Qi-полнач. Телефонот може да се користи и за безжично полнење на додатоци, на пример на Pixel Buds.

Новиот телефон е достапен во претпродажба за 900 долари. Испораката ќе започне на 13-ти октомври.

Google Tensor G2

Новиот процесор од Google не е премногу различен од претходната верзија. Процесорот доаѓа со две моќни Arm Cortex C1 јадра, две помоќни A78 јадра и 4 штедливи A55 јадра. Ова е слично со претходната G1-верзија, но овој пат A76 се заменети со поновите и помоќни A78 процесори. Дел од јадрата сега работат на малку повисока фреквенција, но ова е незабележливо.

Поголема и позабележлива ќе биде надградбата на графичкиот чип. Новиот процесор сега доаѓа со Mali G710 чип, кој е значително помоќен од протходниот.

Телефоните доаѓаат со Tensor Processing Unit (TPU) за машинско учење и Titan M2 безбедносен чип кој се користеше и на претходната генерација на телефони.

Pixel Watch

Најочекуваниот уред за оваа презентација веројатно е Google часовникот – Pixel Watch. Часовникот е со кружен дизајн, со дијаметар од 41mm и максимална висина од 12,3mm. Рабовите се значително заоблени, што овозможува Pixel Watch да изгледа помал отколку што навистина е; Достапен во 4 различни бои: „Matte black“, „Silver“, „Champagne Gold“ и „Greenish Gray“.

Екранот е AMOLED со густина на пиксели 320 ppi, осветлен е со 1000 nits што е доволно да биде јасно видлив кога е сончево.

Процесорот за часовникот е Exynos 9110 изработен од Samsung, а доаѓа со Cortex M33 ко-процесор. Часовникот има 2GB RAM и „диск“ од 32GB, ова се импресивни бројки за часовник или фитнес додаток. Батеријата е со капацитет од 294 mAh и ова треба да биде доволно за повеќе од 24 часа работа. Часовникот се полни од 0 до 50% за половина час, а целосно е полн за 1 час и 20 минути.

На Pixel Watch има простор за повеќе сензори: оптички сензор за отчитување на работата на срцето; мултифункционален електричен сензор, сензор за мерење на сатурација на крвта со кислород; брзинометар; жироскоп; висинометар; компас.

Часовникот доаѓа со Wear OS 3.5 оперативен систем кој Google го изработи во соработка со Samsung. На часовникот се достапни апликации како Assistant, Wallet, Maps и YouTube Music, а може да се користи и Fitbit апликацијата.

Како и Apple Watch и овој часовник ќе се обиде да ги освои корисниците најмногу како фитнес додаток. Достапни се 40 различни вежби, може да се отчита ЕКГ, но нема можност за следење на притисокот.  Една од функционалностите кои Google ги „украде“ од Apple е можноста часовникот да се користи за испраќање на локацијата до службите за итна помош во случај на незгода.

Часовникот е достапен во Bluetooth/Wi-Fi и LTE варијанти. Wi-Fi моделот се продава за 350 долари, а LTE моделот чини 400 долари. Во Европа цената ќе биде 380 и 430 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk