Стартува втората Start програма во која нови шест македонски стартапи ќе бидат бесплатно менторирани и обучувани од SuperFounders Skopje, со надеж дека ќе можат да станат вистински компании. Овојпат пријавените стартапи се малку поамбициозни од тие од првата рунда, со идеи за краудфандинг платформи до
„Иако SuperFounders Start беше прва пред-акцелерациска програма во Македонија, квалитетот на луѓето кои ги привлековме беше одличен. Дел од нив напредуваа многу со своите проекти низ програмата, сосема менувајќи го продуктот или бизнис моделот. Од нив, најмногу напредуваше Кире Галев со A-la-carte, кој минатиов месец беше селектиран и го презентираше својот проект на Balkan Venture Forum, каде што оствари контакт и доби совети од врвни ментори и инвеститори. Го очекуваме лансирањето на неговата A-la-carte апликација на пазарот во САД“, вели Александар Тасев, ко-основач на Balkan Venture Forum и StartupFounders Skopje.
Подолу се шесте стартапи кои влегоа во втората Start програма, кои ќе добијат бесплатни обуки од неколку истакнати ментори. Но, средбите на Superfounders иако се склоп од програмата, се отворени за Но, собирите на Superfounders иако се во склоп на програма, сепак се отворени за секој стартап ентузијаст кој сака да научи повеќе за бизнисот. Вообичаено собирите се случуваат секоја среда, но ќе треба да ги следите Twitter фидовите на StartupFounders за точните датуми. Ова се стартапите:
- ArtUP сака да биде краудфандинг платформа за уметничката заедница, која за цел има да ја заинтересира јавноста за уметнички и културни проекти, и да ги ангажираат во креирање на културни проекти.
- Rent-a-Bike сака да им обезбеди на професионалните бициклисти да изнајмуваат велосипеди маркирани со GPS сервис. Велосипедите ќе имаат и предодредени тури за покомплетно искуство.
- e-Family сака да биде алатка за следење на членовите од фамилијата во реално време.
- StartIntro ќе го нуди „првото претставување“ пред публиката, бизнис партнерите и друштвото со објавување на “love on a first site” импресии.
- Charge Pal е онлајн и офлајн сервис за електрични велосипеди и луѓе кои сакаат со велосипед да патуваат до работното место.
- Coordinate е интерактивна онлајн платформа за архитектура и дизајн.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.