Значајно е што д-р. Соколовска и покрај своите околу 80 години (таа е првиот дипломиран археолог во Македонија) се одлучи да го објави своето научно истражување во електронска форма под лиценци кои многу помлади едвај ги разбираат. Тоа сигурно не е погрешна одлука бидејќи електронското објавување значи дека трудот ќе може да допре до поширока публика.
За Василка Димитровска, магистер по археологија и блогер, чиј „Археолошки дневник“ е првата .мк книга за археологија која беше објавена електронски под CC лиценца, публикувањето на Интернет е единствениот начин да се стави македонската археологија на научната и културна мапа на светот.
„Во борбата за што поголем и подобар пристап на информации, ставањето на едно дело на Интернет под лиценца на Creative Commons, може да биде одлична можност за промоција во светски рамки. Сите корисници би требало да бидат запознаени со глобализациските придобивки од оваа лиценца, чија благородна идеја оди под мотото ‘Сподели знаење’. Објавена под лиценца на Creative Commons, електронската монографија за археолошкиот локалитет Исар кај Марвинци е многу важна, бидејќи е првиот комплексен научен труд од областа на археологијата и културното наследство публикуван оригинално во дигитална форма, со дозвола од авторот д-р Викторија Соколовска за негово преземање, споделување и цитирање.”
Creative Commons се дигитални лиценци кои го олеснуваат заштитување на делото со основните авториски права, но да може, по избор на авторот, да се достави за симнување и да може да се сподели тоа дело, со обавезннаведување на авторот на делото.
[blog post] Ја промовирав првата археолошка електронска монографија – http://t.co/W8EVmnn | Повелете, превземете ја книгата :)