И Google работи на продуктивноста и кратење трошоци, можно отпуштање на 10.000 вработени

Пред само неколку месеци најголемиот проблем на компаниите кои работеа во техничко-технолошкиот сектор беше недоволниот број на квалификувани работници. Денес само неколку месеци подоцна најлаички гледано се чини дека ИТ компаниите не знаат што да прават со работниците кои ги имаат, меѓутоа проблемот е малку поспецифичен и ја инволвира продуктивноста и одржливоста на компаниите. Отпуштањата во ИТ секторот продолжуваат, а ниту вработените во најголемите гиганти во секторот не се имуни. Пред десетина дена најголемата друштвена мрежа Meta отпушти 11.000 вработени, а оттогаш и компаниите кои изгледаа безбедни донесоа слични одлуки.

Најпрво Amazon најави дека ќе отпушти 10.000 вработени. Во минатото Amazon отпушташе по неколку стотици вработени, па оваа најава е огромна промена од досегашната пракса на лидерот во е-трговија. Дури и за компанија која има 300.000 вработени глобално, 10.000 се над 3% од вкупниот број вработени, и посекако се голема бројка на луѓе одеднаш да изгубат работа.

Од оваа недела иако не директно, отпуштања како да најави и Google. Она што е сигурно, е дека компанија ќе ја промени методологијата по која ќе ја ревидира и оценува работата и напредокот на своите вработени. Промената во проценувањето на перформансите компанијата го најави во мај и го претстави како „Google Reviews and Development“ (GRAD), а кварталов ја става методологијата во пракса.

Движењата на берзанските акции на Alphabet Inc (Class A акции)

Новиот систем ќе го зголеми бројот на вработени кои се окарактеризирани како лоши работници од своите менаџери. Досега оваа задолжителна бројка била 2% – односно менаџерите морале 2% од своите тимови да ги оценат негативно и да ги стават најдолу на скалата на перформанси. Сега таа бројка ќе биде 6%, пишува Enterpreneur. Според претходната проценка за квалитетот на работа на вработените во Google, како недоволни беа оценувани вработените од една категорија. Сега како недоволни се оценуваат вработените во две категории. Освен што сега е полесно да се добие проценка како лош вработен, според новата методологија ќе биде потешко за вработените да се најдат во највисоката категорија, пишува Information.

Сместувањето во последните две категории треба да биде направено од менаџерите во Google. Сепак нема да може да биде направено без состанок со вработениот. На овие состаноци (support check-in) менаџерите во Google треба и да им помогнат на вработените во професионалниот развој преку редовен фидбек за нивните перформанси.

„Оваа година, ги лансиравме Googler Reviews and Development (GRAD) за да им помогнеме на вработените во развојот, обуката, учењето и напредувањето во кариерата во текот на целата година. Новиот систем помага да се воспостават јасни очекувања и да им се обезбедат на вработените редовни повратни информации за нивните перформанси“.

Глобално Google има околу 187.000 работници, па 6% ќе соодветствува на околу 10.000 што е речиси идентично со бројот на отпуштања во Amazon и Meta.

За време на пандемијата голем број од компаниите значително го зголемија бројот на вработени. Во овој период, од март 2020, до март 2022, Google додаде околу 40.000 вработени. Вработувањата растеа и во последниот период. Само последната година компанијата вработи 11.765 нови работници, меѓутоа и како што претходно пишувавме, најави и замрзнување на нови вработувања а и извршните директори на компанијата на кварталните повици со инвеститорите јавно признаваат дека компанијата има проблем со продуктивноста и се обидува да се справи со тоа на што е можно подискретен начин.

Шпекулацијата засега не е потврдена од страна на Google и останува да видиме како ќе постапи гигантот кој годишно генерира над 250 милијарди долари приход околу проценката и шпекулацијата дека 10.000 луѓе ќе бидат отпуштени…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments