Нова алатка од MIT го прилагодува стариот код за нов софтвер

0 коментари 1 мин. читање

Истражувачите од MIT работат на решение кое во иднина може да помогне за скратување на дел од работата на програмерите.

CodeCarbonCopy или CCC, автоматски може да ги препознае и прилагоди линиите код кои го копирате и вметнувате во вашето решeние.

Креирањето на нов код и вообичаено содржи „рециклирање“ на претходно напишан код, или пронаоѓање на готови решенија од Stack Overflow и негово вметнување. Се разбира, по ова развивачот треба да го прилагоди кодот на своите потреби.

Она што го овозможува CCC, се автоматски примени и прилагодување на кодот. Во алатката се внесуваат оригиналниот код и кодот кој се презема. CCC автоматски ги менува имињата на променливите и „data representations, пишува Motherboard. Алатката може и да препознае делови на кодот кој постојат во преземениот код, но нема да бидат од корист во новиот код.

Досега истражувачите од MIT ја тестираа својата алатка 8 пати на 6 програми помеѓу кои и: VLC, mtPaint и MPlayer. Седум пати алатката функционираше без грешка, а осмиот од mtPaint во bmp2tiff беше неуспешен.

Алатката сè уште е во тест фаза, па потребен е прилично долг период за прилагодувањето. Можеби во иднина дел од оваа функционалност ќе биде и автоматски додадена во IDE. Сепак, нема причина за страв дека ќе останете без работа, и вака на алатката и е потребна интеракција со девелопер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед