0 коментари 1 мин. читање

Марк Закерберг му одговори на Доналд Трамп: „Facebook не е против вас“

Последниот период изгледа дека сите за нешто ја обвинуваат најголемата друштвена мрежа. Доналд Трамп на Twitter го обвини Facebook дека отсекогаш бил против него.

Претходно либералите го обвинија Facebook дека му помага на г. Трамп. Секако, не може да заборавиме дека друштвената мрежа и Google, се најчесто обвинувани за растот на лажните вести.

Сепак и покрај ова, г. Закерберг тврди дека благодарение на друштвените мрежи најголем дел од гласачите успеале да го искажат своето мислење. Милијарди дискусии за различни прашања можеа да се прочитаат пред изборите, што овозможи да се разговара на различни теми, вели г. Закербер.

Друштвената мрежа, сепак сега има други и поголеми проблеми. Facebook заедно со Twitter и Google наскоро треба да се појават пред конгресот на САД и да одговараат на прашања за руска вмешаност во изборите.

Неодамна друштвената мрежа објави дека околу 100.000 долари од Русија се потрошени за реклами кои таргетираат Американци. Овие реклами и профили ќе бидат дел од податоците презентирани пред Конгресот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top