На најголемата друштвена мрежа не и е доволно времето кое го поминуваме на неа. Facebook најавува сервис со кој ќе им конкурира не само на YouTube, туку и на телевизиите.

Facebook Watch наскоро ќе овозможи на корисниците да пронаоѓаат видео содржина која не е достапна во фидот. Како и на останатите сервиси, ќе може да се креира листа на содржини за гледање и канали кои ги следи корисникот.
Друштвената мрежа веќе има оригинална содржина. Партнерите на Facebook заработуваат од рекламите на друштвената мрежа. За секое креирано видео, 55% од заработката од реклами оди кај креаторот на содржината.
Ако ја користите апликацијата на паметниот телефон, Watch доаѓа на место на Video табот. Со ребрендирањето се најавува и подигање на квалитетот на видеата кои ќе бидат понудени до корисниците.

„Гледањето видеа не мора да биде пасивно. Може да биде можност за споделување на искуства и зближување на луѓето кои сакаат исти работи“, вели Марк Закерберг.
Најголемата друштвена мрежа во последниот период се обидува да додаде сè што може. Од вести до видео сервис, дополнително Facebook се обидува да го направи истото и со функционланости како во десктп, така и во мобилните верзии. Секако, причината за ова е да се задржат корисниците во нивната „градина“, дали ќе успеат ќе видиме.








