1 коментар 2 мин. читање

Нов сензор ќе ги направи паметните часовници покорисни

Група истражувачи од Универзитетот во Далас во соработка со EnLiSense LLC креираа нов сензор кој може да се користи на паметни часовници, фитнес додатоци, медицинска опрема. Сензорот може да детектира два биомаркери во човечката пот кои покажуваат дали човекот кој гo носи уредот е во рана фаза на грип или COVID-19.

Сензорот може да идентификува два биомаркери, интерферон-гама-индуцирачки протеин (IP-10) и лиганд, кој предизвикува апоптоза, поврзана со фактор на некроза на туморот (TRAIL). Повисоко ниво на овие маркери во потта укажува на она што е познато како цитокинска бура, наплив на проинфламаторни имунолошки протеини генерирани кај сериозните инфекции, пишува News Medical.

„Нашата работа е пионерска бидејќи до денес не беше сигурно дека овие молекули се присутни во потта. Утврдивме дека нашата технологија за пасивно мерење пот во мали количества навистина може да ги измери овие биомаркери“, вели др. Шалини Прасад.

Во иднина овие сензори ќе бидат додадени на различни преносни уреди. Пасивното мерење на биомаркери ќе овозможи брзо известување за инфекции. Овие информации навремено ќе можат да бидат испратени до лекарите кои потоа ќе можат навремено да реагираат, и ако има потреба да одредат терапија.

Паметните часовници и фитнес алки во моментов најчесто се користат како додатоци за фитнес. Сепак додавањето на повеќе различни сензори за следење на клучни показатели за здравствената состојба ќе ги направи уредите значително покорисни. Колку брзо ќе може да ги видиме во употреба засега е нејасно, но секако се надеваме дека нема да треба да помине премногу време.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Kоментари на статија (1)Forum replies (0)

Нема одговори сè уште

Се вчитуваат нови одговори…

ContentBot

Робот (content unit)

295 пораки 1,035 лајк

Група истражувачи од Универзитетот во Далас во соработка со EnLiSense LLC креираа нов сензор кој може да се користи на паметни часовници, фитнес додатоци, медицинска опрема. Сензорот може да детектира два биомаркери во човечката пот кои покажуваат дали човекот кој гo носи уредот е во рана фаза на грип или COVID-19.

Прочитај повеќе @ Нов сензор ќе ги направи паметните часовници покорисни ⋆ IT.mk

одговори 1 Like

Коментари

Дискусијата продолжува во поврзаната форумска тема.

Мени
Заедница
Изглед
To top