Норвешка се подготвува за живот по нафтата, стартапите се идната економија

во Свет

Норвешка се надева дека стартапите ќе можат да го одржат економскиот раст откако ќе снема нафта, но и во периоди во кои цената на нафтата е ниска. Енергетската гранка е најинтересна за инвеститорите, а и високите плати во нафтената индустрија го прават преминот потежок, но Норвешка нема да се откаже од својата намера.

Норвежаните не ги оставаат работите на случајност и властите започнаа да работат на создавање на подобра клима за еко-системите. Најголемиот проблем кој го има земјата е недостатокот од приватни инвестициски фондови кои би инвестирале во стартапите. Затоа е креиран Innovation Norway, фонд кој инвестира во име на владата и министерствата, а во 2015 година инвестираа 730 милиони долари, од кои 30 отсто во стартапи, пренесува TechCrunch. Покрај државните инвестиции, во креирањето на активна стартап сцена се вклучи и кралското семејство. Престолонаследникот Принц Хакон е еден од главните поддржувачи на промените, и постојано ги посетува стартап настаните, а со тоа го зголемува интересот за стартап сцената.

„Темелите за трансформација се одлични, Норвешка има мала невработеност, има големи финансиски резерви кои овозможуваат идни инвестиции, и стабилен разбој на претприемништвото и компаниите. Прашање е единствено како ќе ги приоретизираме инвестициите, треба да изградиме компетентност, но потребна ни е и храброст за да направиме важни и можеби радикални одлуки, денес, за да бидеме безбедни утре“, вели Анита Крон Трасет од Startup Extreme.

Дел од проблемите кои треба да се надминат се слични во сите региони. Потребна е промена на регулацијата при создавање на нови фондови, бидејќи во моментов е премногу скапо да се создаваат нови помали фондови. Дополнително потребно е да се намали ризикот при создавањето на нови компании, дали преку даночни олеснувања или поинакви поттикнување за инвестирање во стартапи.

Најголемиот проблем кој го има Норвешка, а во некоја мера и сите држави кога сакаат да инвестираат во стартапи, е промена на навиките во индустријата. Така Норвешка мора да се прилагоди и да се откаже од безбедниот приход од нафта и енергија, и да започне да инвестира во технологија и стартапи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments