Хрватскиот стартап кој им помага на земјоделците, Agrivi, е третиот регионален стартап кој доби пари од South Central Ventures, европски фонд кој има канцеларии во Белград, Загреб и Скопје. Со новата инвестиција од 1 милион долари Agrivi ќе продолжи да се развива „со визија да го смени земјоделството во само-оддржлива, ефикасна и профитабилна индустрија“.
Аgrivi e основан во 2013-та година, и веќе по првата година забележува успеси и привлекува инвестиции, најголемата од 100.000 долари. Достапен е во 150 земји во светот вклучувајќи ја и Македонија, и соработува со 15.000 земјоделци на кои им нуди платформа за менаџирање на фармите и ресурсите. Стартапот е инвеститорите не само по успешните соработки со земјоделците, туку поради фактот што е излистан како едно од најдобрите нови земјоделски решенија кои се достапни на пазарот.
„Глобалниот AgTech пазар расте забрзано и ние сме во позиција да бидеме водечките играчи во индустријата. Побарувачката за нашата технологија е голема, и затоа партнерството со SCV ќе ни помогне да ги прошириме нашите операциони капацитети“, вели основачот на Agrivi, Матија Зуљ. „Следниот период ќе се фокусираме на пенетрација на клучните земјоделски индустрии во Европа за да се поставиме како глобален лидер во вертикални ниш индустрии кои се користат ширум светот“.
[…] на South Central Ventures се вклучени 14 компании меѓу кои InPlayer, Agrivi, Bulb, Alchemy, Virtus Vita, TradeCore and Sentinel […]
[…] портфолио и да инвестира 1 милион евра во хрватскиот Agrivi, платформа која нуди аналитики за да ја зголеми […]