„Norimaki Synthesizer“ е чуден уред за симулирање на вкусови

0 коментари 1 мин. читање

Хому Мијашита од Универзитетот Меиџи во Јапонија креираше синтетизатор на вкусови. Norimaki Synthesizer е единствен уред кој благодарение на 5 електроди може да ги креира или барем стимулира петте вкуса: слатко, солено, кисело горчливо и умами ( Вкус кој е опишан како солен и е карактеристичен за супи и варено месо ).

Петте електроди се изработени од гел со различни додатоци: слаткиот гел е изработен од глицин; солениот од натриум хлорид; горчливиот од магнезиум хлорид, киселиот од лимонска киселина; за умами е искористен глутамичен натриум.

Со помош на електрофореза се симулира вкус на јазикот. Вообичаено со електрофореза се овозможува движење на молекулите во гелови во зависност од големината на молекулите и порите во гелот. Во овој случај молекулите кои го „даваат“ вкусот се „повлечени“ од врвот кој го допира јазикот. Или, кога на гел-електродите нема напон сите вкусови се присутни, штом на некоја електрода дојде напон, овој вкус го „снемува“.

Повеќе за истражувањето може да прочитате тука.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top