0 коментари 4 мин. читање 26 мај, 2020

Apple и Google започнаа со нотификациите за опасност од изложеност на SARS-CoV-2

Минатиот месец Apple и Google ја објавија соработката на технологија која ќе овозможи следење на контактите и известување доколку некој е заразен со коронавирус. Оваа недела технологијата официјално започнува да функционира.

Како и повеќе слични апликации технологијата преку Bluetooth ги следи контакти на растојание од 2 метри. Ако некој е позитивен на коронавирус ги алармира корисниците и директно од телефонот оваа информација доаѓа до другите корисници. Податоците за лицата со кои некој корисник бил во контакт никогаш не го напуштаат уредот на корисникот. Надвор од телефонот на корисникот е единствено ID-кодот се кој се идентификува секој корисник.

„Она што го креиравме не е апликација – наместо тоа, јавните здравствени агенции ќе го вклучат апито во сопствените апликации кои луѓето ќе ги инсталираат. Нашата технологија е дизајнирана да овозможи овие апликации да работат подобро.

Секој корисник ќе може да одлучи дали ќе се приклучи; системот не собира и не користи локација од уредот; и ако некое лице е дијагностицирано со ковид-19, од нив зависи дали ќе се пријават или не во апликацијата на јавното здравство. Прифаќањето на корисниците е клучно за успехот и веруваме дека со оваа силна заштита на приватност е најдобриот начин за поттикнување на прифаќањето на овие апликации, велат претставниците на Google и Apple.

За разлика од централизираниот модел во овој случај телефонот на лицето кое е позитивно го испраќа својот ID до централизирана база на податоци. Системот ја испраќа базата до телефоните на сите корисници, ако контактот на позитивно лице постои и на телефонот, тој корисник добива известување дека некој од неговите „контакти“ е дијагностициран со коронавирус.

Двете компании тврдат дека алатката е изработена по најстроги стандарди за заштита на приватноста на корисниците. Државите кои имаат апликации ќе можат да ја имплементираат технологијата за следење, а апликациите на различни држави ќе бидат интероперабилни, односно, нема да има разлика помеѓу различни апликации.

Интероперабилноста е голема предност, но не е и најголемата. Доколку има голема прифатеност со апликацијата ќе може да се следат сите контакти. На пример ниту сега не е тешко да се следат контактите со семејството или со персоналот во продавница, со апликацијата ќе може да се следат и случајните контакти.

Засега 22 држави на пет континенти имаат пристап до API-то. Apple и Google не открија кои се државите кои ја тестираат апликацијата.

Она што е најважно е дека апликацијата сама по себе нема воопшто да помогне. Потребно е граѓаните да гои прифатат овие апликации и да се користат во што е можно поголем број. За да има поголем ефект апликацијата треба да ја користи 60 отсто од населението. За ова да се оствари граѓаните мора да знаат дека нивните податоци се безбедно.

Во оваа фаза е достапно API, а во следната фаза Goole и Apple ќе интегрираат апликација за следење на контактите во своите оперативни системи. Ова е најавено за годинава, но од претходно компаниите дека период за оваа функционалност е есента.

Она што е интересно е дека технологијата има „рок на траење“. Поточна како што државите ќе излегуваат од епидемија, така и Google и Apple ќе ги исклучуваат овие функционалности.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top