На островот Мул во Шкотска маските се испорачуваат со дрон

0 коментари 1 мин. читање

Во недостаток на редовен сообраќај помеѓу островите во Британија на неколку помали острови, започнаа тестови за доставата на заштитни маски со дронови.

Првите достави треба да покажат и дали методот за достава со дронови е издржан и може да се користи за транспорт на полесни пратки. Покрај заштитните маски со дронови ќе се испорачуваат и тест пратки.

Како што тестирањето за Ковид-19 зема се поголем замав во Обединетото Кралство, предложениот транспорт ќе помогне изолираните заедници да имаат пристап до тестови кои се доставуваат брзо и ефикасно. Во моментов најголем дел од медицинските материјали и примероци, се транспортираат по копно и море, помеѓу лабораторијата во Лорн болниците на островот, вклучувајќи ги општите лекари, хируршките одделенија и останатите здравствени установи, велат од Skyport.

Транспортот и патувањето од Обан до Островот Мул е составен транспорт по копно и по вода и вообичаено се потребни 45 минути. Со дронови времето се скусува на 15 минути. Растојанието помеѓу двете локации е 16 километри.

Во тестовите се вклучени „Argyll and Bute Health and Social Care Partnership“, компанијата за достава Skyports and Thales и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Британија.

Употребата на беспилотни летала овозможува подобрување на услугите и ќе помогне да се овозможи побрзо дијагностицирање кај нашите пациенти, вели Џоана Мекдоналд од „Argyll and Bute Health and Social Care Partnership“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top