Nokia му викна полиција на блогер заради прототип на мобилен

Ова звучи како неодамнешниот инцидентот меѓу Аpple и блогот Gizmodo кој се случи пред некој месец кога полицијата направи рација на дом на блогер на Gizmodo кој пишуваше за, тогаш, се уште непојавениот iPhone 4 прототип.

Како и Apple тогаш, и Nokia сега вели дека си ги заштитуваат трговските тајни.

„Потенцираме дека Nokia ја зема многу сериозно безбедноста на своите продукти, како и доверливите и интелектуалната сопственост. Го прашавме г-дин. Муртазин да ни ги врати сиoт Nokia имот кој го име. Кога тој одби да одговори, ги прашавме руските власти да ни помогнат.“ вели Nokia на својот блог.

Во постот Nokia побрза да додаде дека тоа го прават само заради авторската сопственост и дека ова не значи „напад врз блогерите и луѓето кои пишуваат критики и рецензии за нашите продукти.“ додавајќи дека блогерот Муртазин е исто така и консулстант на некои интернационални производители на мобилни.

Според рускиот блогер тие нема ништо грешно во објавување на рецензијата.

„Пораката дека од наша страна се прекршени индустриски тајни се интересни. Но ние не потпишавме документи за доверливост со оваа компанија. И во Nokia знаат за тоа.“ вели тој.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk