Пронаоѓањето на соодветни фотографии за илустрирање на интернет содржина не едноставно. И таман ќе се израдувате на некоја фотографија и ќе си речете „Е ова ќе заврши работа“ ќе сфатите дека сепак фотографијата е заштитена со авторски права. Секако дека авторите на фотографии и илустрации треба да бидат соодветно компензирани за својот труд, но ова често се трошоци кои блогерите или медиумите не може да си ги дозволат.
За среќа постојат и повеќе од доволно сервиси и платформи кои овозможуваат споделување на фотографии и илустрации бесплатно. Со ова се овозможува илустрирање на содржината без да се нарушуваат авторски права, популарно наречено „крадење фотографии“.
Сликите од овие платформи се бесплатно достапни за користење. Сепак пред да ги поставите кај вас проверете ги условите.
Unsplash
Со над 2 милиони слики во висока резолуција не е изненадување што сервисот е еден од најпопуларните. На Unsplash може да пронајдете над 1 милион фотографии, изработени од 211 166 фотографи.
Платформата има одлични фотографии достапни под Creative Commons Zero. Ова значи дека сликите се достапни за илустрирање на блогови, но и за креирање на реклами материјали и слично.
Дигиталната платформа започна да работи во 2017, тогаш со некои 200 000 фотографии и над 40 000 фотографи.
Pixabay
Pixabay е заедница на креативци кои споделуваат слики и видеа без авторски права. Содржината на платформата се споделува под Pixabay лиценца. Ова значи дека содржината на оваа платформа може да се користи за сите, дури и за комерцијални цели без притоа да се бара дозвола или означување на авторот на содржината.
Монетизацијата на платформата е преку донации, но и преку рекламирање на слики и илустрации на платформи кои не се бесплатни. Овие iStock фотографии се различно одбележани и нивното користење не е бесплатно.
Pexels
Слично како и останатите платформи и нуди бесплатни фотографии и илустрации. Слично како и Pixabay и Pexel ги нуди под сопствена, овојпат Pexels лиценца. Сите фотографии рачно се избираат од сите фотографии кои ги качуваат корисниците, но и од останатите складишта на бесплатни слики.
Потоа сликите се расподелуваат по категории и се одделуваат за пребарување по тагови. Мотото на Pexels e „Empowering Creators“.
Pexels е основан 2014 од Бруно Џозеф, Инго Џозеф и Даниел Фриз.
Morguefile
Ова е малку чуден и помалку познат сервис. Нема селекција на фотографиите и наликуваат повеќе на „домашни“-фотографии. Сликите се направени и од аматери, но и од професионалци, но со оглед на тоа дека платформата постои од 1996 година, не е изненадување што може да пронајдете речиси се што ви е потребно.
Фотографиите се поделени по тагови во зависност од тоа што се појавува на сликата иако има и некој „генерализирани“ категории во кои не е едноставно да се пронајде фотографија.
Gratisography
Ако барате баш само чудни фотографии тогаш Gratisography е местото кое треба да го посетите. Квалитетот на сликите е далеку од најквалитетните, но платформата се гордее што ја поседуваат најчудната колекција на фотографии на интернет.
Платформата прави селекција на сликите, но критериумите не се поврзани со квалитетот на фотографијата туку со уникатноста на она што е прикажано на неа. Ако имате потреба од малку поспецифични и посмешни фотографии, може да ги пронајдете на оваа локација.
StockVault
StockVault нуди фотографии, „wallpaper“, па дури и интересни текстури. Платформата нуди фотографии, илустрации, вектори, поделени во категории и лесни за пребарување. За преземање на фотографиите потребен е профил. За среќа ова не одзема премногу време, а потоа единствениот проблем е да ги најдете фотографиите кои ви се допаѓаат.
Rawpixel
Rawpixel се обидува да креира најразновидна библиотека на фотографии за своите корисници. Платформата е базирана во Велика Британија, а креативно седиште имаат и во Бангкок, Тајланд. Следен чекор е да се распространат низ целиот свет. Платформата има бесплатен модел и претплата, а за бесплатните слики е е потребно ниту претплата ниту наведување на изворот.
Единствено ограничување е дека има бесплатна библиотека од која корисникот може да преземе најмногу 10 фотографии дневно.
Foodiesfeed
За сите блогови и страници кои имаат пишуваат содржина за исхрана, но немаат сопствена фотографија, Foodiesfeed е неверојатно место.
Илјадници квалитетни фотографии од храна, пијалаци, поделени во категории како: месо, пица, здрава храна… Единствен недостаток е што храната на сликите толку добро изгледа што ќе веднаш огладните.
IsoRepublic
IsoRepublic е независна платформа која нуди фотографии кои се селектирани од куратори. Сликите се достапни за споделување под CC0 лиценца, што значи дека може да се користат за секоја намера дури и комерцијална и притоа сликите може и да се менуваат без да се наведе авторот.
Секако понекогаш нема да пронајдете слики. Можеби и нема да имате време да барате по бесплатните слики. Ако финансиите не се проблем веројатно најдобар избор се GettyImages или Shutterstock. Лоша вест е дека за сликите на овие платформи ќе ви бидат потребни можеби и неколку стотици долари.