Ниту Pornhub не сака да биде „голема компанија“ во Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Ама баш никој не сака да биде „голема компанија“ во Европа. Најпрво Apple и Microsoft тврдеа дека iMessages и Bing не се доволно популарни, за да бидат „вратари“ (gatekeepers). Сега истото го прават и најголемите веб-сајтови со содржина за возрасни, Pornhub и xvideos.

Двете страници имаат над 45 милиони корисници што ги става во категоријата „многу големи“ сервиси. За навистина големите платформи постојат посебни правила и обврски кои треба да се исполнат. Европската комисија во неколку наврати покажа дека е сериозна во своите намери да „ги доведе во ред“ сите гиганти.

Pornhub и xvideos се најголеми европски компании кои се занимаваат со порнографија. Според бројките кои ги споделуваат компаниите, Politico пренесе дека Pornhub има 33 милиони активни месечни корисници. Xvideos според податоците кои се достапни на веб-страницата, во Европската Унија има 85 милиони активни корисници месечно. (ВНИМАНИЕ! На линкот нема порнографија, но линковите на инфо страната водат до порнографска содржина).

Двете платформи започнаа судски спор во кој ги оспоруваат новите обврски кои ги наметнува Законот за дигитални сервиси (Digital Services Act). Pornhub не се согласува со одлуката дека воопшто треба да означен како „голема онлајн платформа“. Но двете компании побараа да биде привремено запрено барањето за креирање на детален јавен регистар на огласи кои се достапни на нивните платформи. Тужба поднесе и компанијата Stripchat, иако досега не нејасно која е основата за жалбата.

Pornhub тврди дека нема доволен број на корисници за да биде во категоријата „многу голем сервис“. Според бројките кои ги објавија имаат 33 милиони корисници во државите членки на Унијата, но истрагата на комисијата покажала дека сите три платформи имаат над 45 милиони корисници.

„Може да користиме дополнителни извори и експертиза , на пример JRC (Joint Research Centre) за да го одредиме бројот на корисници на онлајн платформата – без разлика што платформите може или нема да објават“, вели портпаролот на комисијата Јоханер Бахрке, за Euractiv.

Клучна обврска за овие компании ќе биде справувањето со штетна содржина. Tука се вклучени и механизми за блокирање на пристап на малолетни лица. Дополнително, платформите ќе имаат време до 20 април да ги објават своите планови за тоа како планираат да ги минимизираат опасностите  од насилство врз жените и заштита на малолетниците. Овие компании и во минатото беа изложени на критика дека не прават доволно за да се справат со детска порнографија или споделување на видеа без согласност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments