Solium Infernum е пеколно добра стратегија за пеколот!

Кога се работи за стратегии, голем број издавачи сакаат да играат на сигурна карта и да понудат мејнстрим наслови со познати и лесно-прифатливи механики. Solium Infernum е исклучок на таквото правило и алудира на уникатна стратегија со запазување редови, наслов кој обработува невообичаена тема и непредвидлива забава вешто маскирана во забавен гејмплеј.

Solium Infernum е другата екстремна страна на претходната игра на студиото League of Geeks. Ако Armello беше шаренолика стратегија која влече инспирација од бајките, Solium Infernum влече инспирација од многу подлабоки извори – директно од пеколот!

Вашата задача е да го пробате да седнете на вечниот трон во пеколот по која било цена. Правилата се дека нема правила и можете да осмислувате најразлични макијавелистички заговори, да правите мрачни магии и да изнудувате на начини од кои ќе се засрамоти и самиот ѓавол.

Друга страна на рајот

Сите аспекти во Solium Infernum се како еден вид дежа ву. Видени се некаде, ви делуваат познати, а сепак не сте сигурни како функционираат и која е нивната примарна функција. Првото нешто што би можеле да помислите е дека играта ве потсетува на игрите од Civilization серијалот.

Но, начинот на кој се формираат армиите и шампионите, начинот на кој се освојува територијата и начинот на кој се врши дипломатијата се скроз различни. Колку повеќе експериментирате со овие механики толку појасна станува уникатната комплексност која стои зад нив.

Најсветлата (или најмрачната) точка во Solium Infernum e тоа што сите ваши влијанија, напори и планови се пропратени со одреден ризик и некогаш не можете целосно да бидете сигурни дали некоја кампања ќе вроди позитивни плодови.

Тронот е примамлив, сите го сакаат, но само еден може да го има.

Поради тоа, потребно е многу експериментирање, размислување и трпение, независно од тоа дали се работи за управување со вашата армија, регрутирање шампиони или пак преговарање (читај: изнудување) на вашите противници.

Покрај соло кампањата во која може да заиграте со осум господари на пеколот, ќе можете да започнете и мултиплеер партии со 2 до 6 играчи. Како што напоменавме, кампањата е богата со бројни и неочекувани пресврти. Откако ќе се интимно запознаете со осумтте уникатни сценарија, ви препорачуваме да го проверите и мултиплеерот.

Solium Infernum апсолутно сјае кога се игра со вистински играчи. Иако вештачката интелигенција знае да понуди голем предизвик, тактиките кои луѓето ги имплементираат се значително пооргански, а, со тоа, и позабавни.

Tаканаречениот асинхрон мултиплеер овозможува до шест играчи да бидат вовлечени во натпревари кои се играат во текот на неколку денови или недели. Во каквиот асинхрон мултиплеер потребни се само неколку минути за играње дневно, но кампањата знае да се развлече долго време.

Доколку сте огромни фанови на серијалот Civilization, но сакате уште подлабоки механики, особено во начинот на кој се врши територијална експанзија и дипломатија, тогаш големи се шансите дека ќе бидете крајно импресионирани од чедото на League of Geeks.

Меѓутоа, ова не е мејнстрим игра, далеку е од тоа и потребно е внимателно да го следите туторијалот, да сте спремни на поголема временска инвестиција и да учите што и како најдобро функционира во одредени услови за да потоа очекувате сѐ да биде однесено од ѓаволот. :)

Повеќе детали за играта

  • Произведува: League of Geeks
  • Издава: League of Geeks
  • Жанр: Turn-based стратегија, Multiplayer
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 22 февруари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments