0 коментари 2 мин. читање 24 март, 2017

Ниту Mac не е отпорен на ЦИА, нови документи на WikiLeaks

Wikileaks објави нов дел од Vault 7 документацијата, наречена Vault 7 „Dark Matter“. Новите документи покажуваат дека Централната разузнавачка агенција имала „специјален“ метод за Mac.

Агенцијата може да надгледува и прислушува лаптоп и најверојатно телефон, ако некогаш имале физички контакт до истиот. Агенцијата користи EFI напад кој може успешно да го скрие и е прилично тешко да се исчисти.

„EFI е она што управува со boot-секвенцата. Ако промените нешто пред тоа, имате контрола врз сè. Станува дел од компјутерот. Не може да знаете дека е таму, а и не е едноставно да го отстраните“, вели безбедносниот експерт Карстен Нол за Wired.

Со оглед на тоа дека физичкиот пристап не е секогаш едноставен, ЦИА креирала алатки за да си ја олесни работата. „Sonic Screwdriver“ е име за thunderbolt-кабел со променет firmware. Потоа напаѓачот може да инсталира алатка во фирмверот „DerStarke“. Преку оваа алатка се инсталира друга наречена „Triton“ која ќе му ги испраќа податоците и ќе овозможи следење на корисникот.

За одбрана од нападот не помага ниту форматирање на хард-дискот. „Triton“ ќе биде привремено избришан, но на следниот старт ќе биде реинсталиран.

Алатката не функционира на новите верзии на MacBook кои се заштитени токму од слични напади. Сепак речиси е неверојатно дека агенцијата не го подновила својот „арсенал“. WikiLeaks претходно објави дека нема да ги објавува хаковите кои сè уште се актуелни, додека компаниите не им потврдат дека пропустот е надминат. Неодамна, по првите објави на WikiLeaks, Intel презентираше EFI алатка, која му овозможува на корисникот да открие дали компјутерот му е инфициран.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top