0 коментари 2 мин. читање 24 март, 2017

Збогум приватност, телеком операторите во САД може да ги продаваат податоците на нивните клиенти

Конгресот на САД ја врати претходната верзија на законот за приватноста на податоците на телеком операторите. Досега операторите мораа да бараат дозвола од корисниците пред да ги споделуваат и продаваат податоците. Причината за ова е повеќекратна, но главно операторите имаат премногу податоци.

Предлог законот е донесен со 50 гласа за и 48 гласа против. За законот да стапи во сила, конгресот мора да го изгласа и законот, вели Recode.

„Здравствени, финансиски, податоци за семејството, сега без дозвола можат да бидат продадени на заинтересираните купувачи. Американската јавност сака поголема приватност, не помала. Не смееме да заборавиме на основните права на приватноста, само затоа што дома имаме телефони и сме поврзани на интернет“, вели Сенаторот Ед Марки.

По промените операторите ќе можат да собираат податоци за: локацијата на корисниците; пребарувањето; апликации; и навики на корисникот. Дополнително ќе може да го пренасочи прелистувачот на компании кои се рекламираат, но и да додава реклами на страници кои ги немаат. Активистите Fight for the Future ги повикаа граѓаните да направат притисок врз конгресмените кои ги поддржуваат промените.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top