Nintendo ја претстави новата конзола Nintendo NX. Конзолата e составена од три дела, дисплеј и два контролери кои се спојуваат во една конзола, јави Eurogamer.
Контролерите се прицврстуваат од двете страни на дисплејот, но може да се користат и исклучени. Кога корисникот е во близина на телевизор, може да го приклучи системот и да игра на голем екран. Игрите за системот доаѓаат на кетриџи, но за жал поради промените нема да можат да се користат постарите верзии на игрите.

Процесорот кој ќе биде користен во конзолата e Tegra и доаѓа од Nvidia. Ова не е првата конзола со овој процесор, досега процесорот е искористен во конзолата Shield, неколку таблет компјутери и Pixel-C на Google.
Засега нема прeмногу податоци за игрите кои ќе бидат достапни на NX, но без сомневање ќе може да ги видиме Super Mario и Zelda. Најавата е дека конзолата ќе биде достапна во март 2017 година, но оваа вест не е потврдена од Nintendo.







