0 коментари 3 мин. читање 11 декември, 2025

Duck Detective: The Ghost of Glamping: Враќањето на најдобриот детектив

Депресивниот детектив Евгениј МекКваклин се враќа во нова авантура со наслов Duck Detective: The Ghost of Glamping. Самостојно продолжение на успешниот The Secret Salami ве води далеку од канцелариските сплетки, директно во природата – или поточно, во луксузен камп се чини дека е опседнат со духови.

Последиците од разводот и зависноста од леб и понатаму оставаат трајни белези на измачениот детектив кој, за да бидат работите уште покомплицирани, сега е вовлечен во нова мистерија. Она што требаше да биде релаксирачко бегство брзо се претвора во истрага исполнета со сомнителни ликови каде секој крие по некоја тајна.

Duck Detective: The Ghost of Glamping ја задржува шармантната формула на својот претходник, но со сепак успева да се истакне со забележителни подобрувања. Гејмплејот се заснова на истражување на околината и интервјуирање на осомничените за да се соберат клучни зборови. Овие зборови потоа се користат за пополнување на празнините во вашите заклучоци, слично на пополнување реченици.

Загатките се забавни и логични, а новите додатоци како анализа на ракопис и едноставно дешифрирање кодови успеваат да внесат уникатна свежина за време на играњето. Duck Detective: The Ghost of Glamping никако не сака да ви здосади и, поради тоа, се работи за релативно кратко искуство, со времетраење од околу 2 до 3 часа. Како резултат имате задоволително и поопуштено искуство без непотребно развлекување.

Графичкиот стил потсетува на Paper Mario, со ликови кои се дизајнирани како хартиени фигури кои се движат низ 3D простор, давајќи ѝ на играта посебен, неодоливо сладок шарм. Гласовната глума е извонредна и успева да му даде живот на секој лик. Паралелно со ова, џез музика инспирирана од ноар филмовите, совршено ја надополнува атмосферата.

Duck Detective: The Ghost of Glamping е прекрасно спакувана мистерија која успева да биде и смешна и интригантна. Ако сте љубител на cozy мистерии и сакате кратка, но квалитетна авантура која ем ќе ве насмее ем ќе ве натера да размислувате, ова е истрага во која дефинитивно треба да навлезете.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top