Нина Ангеловска е избрана за амбасадор за е-трговија во Обединетите Нации (ОН)

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Ко-основачот на Grouper и сегашна министерка за финансии, Нина Ангеловска е помеѓу седумте жени амбасадори за е-трговија во Обединетите нации. Промоција е најавена на 74. Генерално Собрание на ОН од 23 до 26 септември во Њујорк. Признанието го доделува телото при организацијата за трговија, инвестиции и развој (УНКТАД).

„За забрзување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата во земјите во развој, потребно е да се искористи позитивното влијание на дигиталната технологија во комбинација со моќта за трансформација на претприемништвото кај жените“, се вели во објавата на УНКТАД.

Заедно со Нина Ангеловска избрани за „амбасадорки на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrи; Клаудија де Хередиа од Мексико, ко-основачка и оперативна директорка на Kichnik; Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara; Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan; и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Оддавањето на признание на жените претприемачи е дел од иницијативата „е-трговија за сите“ има за цел да придонесе во креирање на политики во националните и меѓународните дијалози во насока на еманципација и развој на способностите на следната генерација на жени претприемачки. Предводена е од УНКТАД, а поддржана и од владата на Холандија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk