Иако Марин како студент на Техничкиот факултет имаше само почетни познавања од програмски јазици, курсот Основи на програмирање и развивање софтвер му помогна во само 3 месеци да ги усоврши своите знаења и да започне кариера во програмирање. После завршувањето на академијата започна веднаш со работа како технички консултант во компанијата Интерворкс. Ни раскажува зошто се одлучи да биде дел од курсот и што е потребно за да се изгради кариера во најпопуларната индустрија – ИТ.
Зошто се одлучи да се запишеш на курсот Основи на програмирање?
Кога си на факултет добиваш само основни знаења за одредени теми и немаш многу пракса. Па моментот штом ќе завршиш секогаш се сретнуваш со проблемот на стекнато практично знаење. Еден начин е да учиш сам дома, а друг начин е да посетиш некој курс. Кога дознав дека ќе се отвора едукативен центар, имено Интерворкс Едукативен Центар и ќе има курс за Основи на програмирање решив да го продлабочам своето знаење за нови теми од лица кои тоа го работат подолго време. Верував дека тоа ќе биде големо дополнување на моето знаење поради тоа што едно е да учиш сам дома, а друго е да добиваш знаење од луѓе со големо искуство во проблематиката.
Што мислиш дека треба да поседува еден добар програмер?
За да се биде добар програмер не значи дека треба да се поседува знаење само од една област, туку потребно е да се поседува знаење и од други области, како и добри меки вештини. Освен тоа, јас би рекол дека еден програмер треба да е и упорен до мера и на тврдоглавост кога се работи на некоја работна задача, и покрај тоа да има и трепение затоа што умешноста не се создава за еден ден/
Колку време е потребно да се совладаат материјалите кои ги учевте на курсот?
Кога се работи за материјалите од курсот би рекол дека за да се совладаат треба целосна концентрација на час затоа што најдобро се учи од професор со толку многу знаење и искуство за самата проблематика, но секако и повторување на се’ што се поминало на часот дома.
Како еден од најдобрите студенти на курсот веќе започна со работа. Дали сметаш дека 3 месеци на курсот беа доволни да се справиш со предизвиците кои ги носат работните обврски?
Гледајќи ја динамиката, комплексноста на задачите, сега како вработен во ИнтерВоркс можам слободно да речам дека курсот ме подготви на најдобар начин почнувајќи од саатите кои ги поминувавме таму, динамиката на самиот курс па се до материјалите кои ги обработувавме. Всушност сето тоа ми го даде темелот за да можам во најбрз рок да се справам со задачите кои ги добивам на работа.
За крај дали и на кого му го препорачуваш курсот?
Курсот би му го препорачал на било кој, со напомена дека мора да се вложи максимално, ако сака да добие резултати на крајот.
Уписите за курсот Основи на компјутерски науки и развивање софтвер се во тек. Аплицирајте на [email protected]. Или бидете дел од отворениот ден кој ќе се случува на 01 Октомври од 17 и 30 часот во просториите на Интерворкс Едукативен Центар.