Google, Amazon и Apple преку гласовните асистенти ги покажуваат своите достигнувања во препознавање на гласовите. Сепак ниту една од овие компании не се приближува до можностите на технологијата развиена од Националната агенција за безбедност (NSA).
Технологија развиена во 2006 година
Уште во 2006 година NSA имала развиено технологија која може да препознае идентитет во зависност од гласот на човекот. Eден од главните мотиви за ова е лошото искуство на NSA со предавањето на податоци.
Едно од искуствата поради кое е развиена технологијата доаѓа од 1980 година. Роналд Пелтон во 1980 година им продавал доверливи податоци на Русите. Федералното истражно биро знаело за ова уште тогаш, но поради неможноста до го откријат ликот зад гласот, г. Пелтон продолжил да продава доверливи податоци до 1985 година.
Со технологијата достапна од 2006 година, Истражното биро ќе го лоцираше шпионот за неколку секунди.
„Да беше технологијата достапна пред двесет години, рана детекција и апсења ќе беа возможни, и ќе можевме да ублажиме добар дел од штетата која ја направи Пелтон“, вели меморандум до кој дојде Intercept.
Гласовното препознавање денес не е новитет. Куп компании ги користат Google, Amazon, Apple и Microsoft за да препознаат различни корисници. Сепак, ниту една од овие компании нема услуга со технологија приближна на NSA.
Како NSA дојде до најдобрата технологија и база на гласови?
Главните причини за подобриот квалитет на гласовното препознавање на NSA се огромната база на гласови која ја собрале во текот на годините. Агенцијата со години снима гласови, дури и кога не постоеше технологија за препознавање на глас. Сепак, благодарение на базата, NSA имаше можност да ја „тренира“ својата технологија.
Уште во времето на интервенцијата во Ирак, NSA го искористи гласовното препознавање за препознавање на гласот на тогашниот претседател, Садам Хусеин. Потоа, истата технологија се користеше и за препознавање на гласот на Осама Бин Ладен, но и сегашниот водач на Ал Каеда, Збу Мусаб Ал-Зарави.
Податоците покажуваат дека технологијата толку многу е користена што била дел и од акција за апсење на трговец со наркотици.
Денес NSA има можност за прибирање на уште повеќе гласови и креирање на поголема база. Најголем дел од компаниите имаат гласовни асистенти. Паметните уреди постојано не слушаат и можат да го снимат гласот на корисникот. Кога овие податоци стигнуваат во NSA може да се изработи гласовен отпечаток. Потоа друга технологија од компанијата може да го следи овој отпечаток и да се активира и алармира секој пат кога ќе го детектира.
Со оглед на оваа технологија, се чини дека е вистинско чудо што Едвард Сноуден успеа да избегне откривање и да избега од САД. Иако секако можноста да е запознаен со технологијата е веројатна.
Можеби најконтроверзното прашање е колку е правно издражано да се користи технологијата за следење на луѓето. Машините за да дојдат до гласот на следениот поединец, најверојатно прислушуваат милиони невини корисници. Практично не постои закон и законска рамка која би го овзможила ова. Дури и со судска дозвола прилично е тешко да се објасни следењето на луѓе кои во огромен дел се обични корисници на технологија.