Гејминг новости од минатата недела #61

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесет и прво издание.

Rift, бесплатната-за-играње ММО игра ќе воведен нов претплатнички модел кој нема да содржи кутии со плен и слични RNG механики. Со таканаречениот Rift Prime сервер, која ќе лансира на пролет, играчите кои ќе се претплатат на оваа ММО игра ќе имаат значително помала продавница, а сите работи кои можат да се најдат во моментната продавница ќе бидат доделени или преку гејмплејот или пак ќе бидат целосно отстранети. Сите содржини нема да се достапни преку овој претплатнички модел, туку како поминува времето, така Trion Worlds планира да воведува се повеќе и повеќе содржини.

Со последната реклама, францускиот издавач Ubisoft изјави дека PC е „водечката платформа во поглед на иновации“ и дека на PC можат да се најдат работи кои се невозможни на другите платформи. Познатото студио Massive исфрли видео во кое програмерите на кратко објаснуваат зошто е тоа така и уште еднаш потврдуваат каде ќе лежи нивниот фокус во 2018 година.

Metal Gear Survive не само што ќе има микротрансакции туку и ќе бара постојан приклучок до интернет, дури и доколку сакате сами да играте. Konami објаснува дека приклучок до интернет е задолжителен како би се овозможила непречена интеграција помеѓу соло и ко-оп содржините. За вистински пари, пак, купувате валута SV coins. Со овие парички купувате засилувачи за забрзано печалење Battle поени, со кои се отклучува опрема. Играта излегува во февруари.

Vampyr, играта на студиото зад Life is Strange, започна со исфрлање на првото од четирите планирани видео материјали кои даваат подобар увид во развојниот процес и гејмплеј механиките. Оваа RPG игра излегува на пролет.

We Happy Few уште еднаш го помери датумот на излегување, овој пат на 13.април, а како извинување, студиото нуди враќање на парите на нестрпливите гејмери кои не сакаат да чекаат уште. Играта доаѓа од студиото зад феноменалната Contrast, а зголемување на цената и одложувањето највеќе се должи поради преземањето на издавачкото стапче од Gearbox и нивната желба да се понуди по содржителен производ.

Final Fantasy 15 ќе излезе за PC на 6.март и за да ја играте играта во цела 4K HDR слава ќе ви треба i7-7700 процесор, GeForce GTX 1080 Ti, 16GB и над 155GB простор на хард диск. Од 1.февруари ќе се појави и соодветна алатка за benchmark. Final Fantasy 15 Windows Edition или Royal за конзолите, ќе се појави со дополнителни квестови и непријатели.

Civilization 6: Rise and Fall се поднови со нов трејлер кој го заменува прикажувањето лидери со прикажување нови системи, како Great Ages, Loyalty, Governors, Enhanced Alliances, Emergencies, како и нови чуда и единици. Експанзијата излегува на 8.февруари, а основната игра е дел од најновиот Humble Monthly пакет каде за 12 долари ја добивате оваа и уште пет други игри за Steam.

Total War: Warhammer 2 – Tomb Kings ја покажува најоткачената фракција до сега преку единаесет минутно видео. Погледнете како се креваат мртвите, како се извлекуваат богатства од мориња и како се тргува со ексцентрични армии. Проширувањето излегува на 23.јануари.

Со малку позабрзано темпо, би ве информирале и дека Warhammer 40,000: Inquisitor—Martyr воведе нова мапа, класа и поглавје за соло преигрување. На еден полски веб сајт, пак, пишува дека ќе Cyberpunk 2077 ќе биде игрива на овогодишниот Е3. Ова е следната голема игра за студиото зад The Witcher серијалот.

Fortnite, пак, успеа да собере два милиони играчи во кое било време, а Endless Space 2 откри детали за нивното нов DLC, The Vaulters. Минатата недела се дозна и дека се работи на нова Fable игра, но од Playground Games студиото, а и дека се работи на нова игра во Alien универзумот.

Age of Empires: Definitive Edition дефинитивно ќе излезе на 20.февруари, а бета ќе дозволи да се провери мултиплеерот веќе од 29.јануари. Пријавете се тука! Во меѓувреме, најновото DLC за Assassin’s Creed: Origins, The Hidden Ones ќе излезе на 23.јануари. Најновото надополнување за Final Fantasy 14 ќе излезе на 30.јануари и ќе во врати еден од најдобрите антагонисти, Кефка, како и нов рејд и зандани. Sea of Thieves исто така побрза да се пофали со нов видео дневник за истражувањата на преубавиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk