Добропознатата поговорка вели дека „кој последен се смее најслатко се смее“, и тоа во случајот со Airbnb е навистина слатка последна насмевка. Сервисот за издавање на станови и соби сега се проценува на 20 милијарди долари, иако кога стартуваше во 2008 година беше одбивана од инвеститорори на кои им нудеше 10 отсто од своите акции за сега смешни 150.000 долари.
Стартапот во раниот период беше одбиен од седум инвеститори кои се сомневаа во идејата. Директорот на Airbnb, Џозеф Чески, објави неколку имелји во блог пост на Medium, во кои ги сподели одговорите на инвеститорите кои во раниот период не го согледаа потенцијалот на стартапот и не инвестираа во него. Еве ги причините поради кои во 2008-та година пет од овие инвеститори не го пратиле својот одговор.
- Благодариме за запознавањето. Иако ова звучи интересно не е нешто со што ние работиме – ниту во нашата област на фокус. Ви посакуваме успех…
- Се извинуваме за задоцентиот одговор. Имавме можност да дискутираме во компанијата и за жал сметаме дека не е вистинска можност од инвестициона перспектива. Потенцијалниот пазаар не изгледа доволно голем за нашиот модел.
- Брајан, го разгледавме предлогот со партнерот. Прво не е една од петте области кои ги таргетираме, па не гледаме можност за наше инволвирање. Поради тоа што ова не е област во која инвестираме во моментот се чини дека не може да ви помогнеме со наша експертиза во моментов. Моја препорака е да не известувате, доколку стигнете до момент на Series A инвестиција, известете не и ќе ги разгледаме можностите.
- Блгодарам за одговорот. Не бев во можност да се јавам денес, ќе бидам надвор од градот до четврток. Ми се доапаѓа напредокот но поради проблеми со АВВ и мојата моментална инволвираност во други проекти, и пред се постоечките инвестиции. Не можам да инвестирам во овој момент.
- Вчера одлучивме да не инвестираме. Отсекогаш сме имале проблем со категоријата – патување. Се согласуваме дека е една од најважните категории за е-трговија, но поради некоја причина никогаш не успеавме да пронајдеме некоја компанија која сакаме да ја поддржиме.
Без сомневање главната поука од оваа приказна не е за инвеститорите кои доколку инвестираа во 2008 година сега ќе заработеа речиси 2 милијарди долари, туку за стартапите кои доколку веруваат во својот производ можат да се потсетат на оваа приказна во тешките моменти.