Парите не ве прават среќни, вели YouTube ѕвезда што заработува 7,4 милиони долари годишно

во Веб, Свет

Швеѓанинот Феликс Кјелберер, кој несомнено е далеку попознат по неговото алтер его PewDiePie, е гејминг кралот на YouTube, и тука нема ништо ново. Но, тоа што го стави на насловните на сите ИТ блогови е што неодамна беше критикуван од сите страни поради тоа што годишно заработува 7,4 милиони долари од своите откачени видеа.

PewDiePie има 9 милијарди прегледи на своите видеа од 37,7 милиони следбеници, па според „ако продуктот е бесплатен тогаш ти си продуктот“ секој од 37,7 милиони следбеници на г. Кјелберг вреди околу 20 центи. Сепак и покрај бројките и неговата поддршка задобротворните акции кои завршуваат со успех, продолжија да го критикуваат дека „врескаш пред камера и заработуваш милиони…“. Но, наместо да се скара со троловите, PewDiePie објави видео во кое вели дека „парите не ве прават среќни“

„Кога започнав со YouTube видео бев на колеџ имав студенстки кредит, не можев ниту да си дозволам пристоен компјутер на кој можев да снимам гејмплеј… Не мислев дека можам да заработам со споделувањето на видео од гејмплеј, тоа е нешто што сакав да го правам и пет години подоцна пазарот експлодира и сега сме тука… Парите не ве прават среќни, во моментов сум подеднакво среќен како и пред пет години, среќен сум што не морам да се грижам за плаќање на кирија, но освен ова не е многу променето…“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk