Microsoft најави нова платформа која ќе доаѓа под Cortana – Cortana Analytics Suite. Платформата ќе овозможи обединување на речиси сите сервиси: машинско учење, големи податоци и аналитика и ќе ги спои во еден робусен сервис, јави TechCrunch. Платформата ги користи Azure ML, PowerBI и Azure Data Catalog кои заедно со Cortana ќе креираат единствена платформа за крерање на интелегентни решенија. „Наша цел е да го интегрираме овие делови за корисниците да имаат единствена платформа за креирање интелегенти решенија“, вели Џозеф Сирош од Microsoft.
ImagineCare е првиот сервис со кој Microsoft објаснува за што точно станува збор. Пациентите од дома ќе можат да ги измерат: пулсот, притисокот, спиењето, промени во телесната тежина и слично, а преку Azure облакот овие податоци ќе доаѓаат до лекарите, кои благодарение на навремените податоци ќе можат да планираат и да спречат несакани последици кај пациентите.
„Big data“ технологијате е следниот чекор, но не секојпат е едностставно точно да се аланизираат податоците и да се согледаат последиците, тоа што Microsoft го прави со новата алатка е поставување на единствено место на сите релевантни податоци и анализа на истите, а благодарение на постојаната надградба на технологијата ќе може и да овозможи поточна анализа на податоците и можеби да предложи предлог решенија во иднина.
Сервисот е најавен за наесен, за сега цената е непозната, но според Microsoft цената на цкупниот сервис ќе биде пониска од збирот на поединечните делови.