New Media Mk и Даниeл Јанев ќе ги визуелизираат друштвените кампањи со Hashstats.net

Целта на Hashstats.net е да им помогне на компаниите да ги разберат подобро резултатите од нивните маркетинг кампањи на друштвените мрежи. За да го реализираат oва, креаторите на проектот New Media Mk и дизајнерот Даниел Јанев ќе користат посебно изработен процес од три дела: најава на кампањата што вклучува следење на #хаштаговите, потоа мониторинг и собирање на податоците, и на крај изработка на податоците во визуелен инфографик што ќе им ги објасни бројките на фирмите и ќе им даде уникатна перспектива за кампањата.

Интересно, Hashstats.net ќе се фокусира исклучиво на странските пазари, бидејќи, како што објаснува Дарко Булдиоски од New Media Mk, македонските компаниите не се на соодветното ниво за стартување маркетинг кампањи на друштвените мрежи.

„Сервисот е наменет за глобалниот пазар. Затоа и иницијално е објавен само на англиски јазик. Секако не е исклучена можноста во иднина да се појави и на други јазици согласно потребите. Што се однесува до интересот од локалните компаниии, секако дека би сакале да видиме што е можно поголем интерес и од нив, но едноставно судејќу според нивото на кое тие (во просек) ги спроведуваат своите активности и кампањи на друштвените медуми не очекуваме дека значителен дел од потенцијалните корисници на Hashstats ќе бидат од Македонија. Ако пазарот не демантира ќе бидеме пресреќни.“

Дали процесот на креирање е автоматизиран, во смисла имате персонализиран ваш софтвер, или користите веб алатки и мануелно ги собирате податоците?

Процесот на собирање и она што е далеку поважно, анализа на податоците, е срцето на Hashstats. Користиме сопствено развиени алатки кој сега за сега се само за интерна употреба. Ова значи дека нема комплетно подготвен интерфејс за да може автоматски да го користи крајниот корисник. Секако тое е во план и работите во позадина се поставени така за да може во некоја следна фаза од развојот на сервисот да се понуди и нешто на тој план.

Дали и како инфографик ќе и помогне на фирмата?

Инфографиците се најчест тип на… ајде да ја наречеме нестандардна објава. Последниве неколку години станаа навистина хит на интернет и се појавија и други сервиси кои нудат услуги во тој домен. Употребната вредност е едноставна, добар инфографик може за многу пократко време и на многу поефективен начин да ја пренесе пораката до читателот.

Дали можеби би им продавале и консултинг на фирмите за како да ги користат тие информации?

Секој од нарачателите сам одлучува што ќе прави со своите податоци и нивната визуелизација. Наша цел е да понудиме готов прoизвод со кој ќе може една компанија или организација да го претстави резултатот од својата активност на практичен начин кој и самиот понатаму ќе предизвика корисниците да го споделуваат. Со консалтинг се занимава NewMediaMK, компанијата мајка, ако така може да се каже, на Hashstats. Не размислуваме за тие работи сега. Она што ни е најважно е да ја следиме реакцијата на потенцијалните корисници и да видиме дали нашите очекувања за потребата од еден ваков сервис се и пазарна реалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Сссссс
Сссссс
14 years ago

Ваков сличен продукт веќе постои. Погледнете го http://www.statdash.com/

darko
darko
14 years ago
Reply to  Сссссс

Фала за линк. Ќе погледнеме!

види ги сите огласи на kariera.it.mk