Neverwinter Nights 2: Enhanced Edition – Враќањето во Невервинтер

Лансирана во 2006 година, Neverwinter Nights 2 остави длабока трага во жанрот во срцата на бројни RPG гејмери. Многу добро паметиме колку се зборуваше оваа игра и каква се опсесија беше и на нас и на нашите пријатели. Скоро две децении подоцна, играта и понатаму има резервирано посебно место во нашите срца, истакнувајќи се како продолжеток на една од најдобрите RPG игри.

Развиена од Obsidian Entertainment, двојката претставуваше амбициозна адаптација на правилата од Dungeons & Dragons 3.5 изданието, сместувајќи се во популарниот свет на Forgotten Realms. Со својот модифициран Aurora Engine, играта понуди комплексен систем за создавање ликови, стратешка борба базирана на редови и впечатлива приказна чии заплети како да немаа крај. Покрај главната кампања, оромна вредност лежеше и во моќниот сет на алатки со кои заедницата можеше да продолжи да создава сопствени авантури. Силен аспект беше и кооперативниот мултиплеер, но неговата функционалност со текот на времето беше прекината.

Речиси две децении подоцна, Aspyr Media ни го претставува Dungeons & Dragons Neverwinter Nights 2: Enhanced Edition, ветувајќи дека ќе ја освежи и подобри оваа класична игра. Новата верзија има за цел да го донесе целосното искуство на модерните платформи, вклучувајќи ги за првпат и конзолите, притоа воведувајќи низа технички подобрувања.

D&D 3.5

Neverwinter Nights 2: Enhanced Edition е она што беше и оригиналот. Римастеот останува верен на оригиналот. Механиките на играње и наративната структура се недопрени. Вие и понатаму го создавате вашиот херој избирајќи од 16 раси и 12 основни класи (со дополнителни 17 дополнителни класи), ќе формирате тим од тројца сопатници и ќе патувате низ светот на Фаерун, користејќи го d20 системот на правила. Фундаменталната формула на истражување, решавање задачи и стекнување искуство за напредок останува централен дел од искуството, а тој дел, повторуваме, е непроменет.

Една од најголемите предности на ова издание е неговата комплетност. Имено, пакетот не ја вклучува само основната игра, туку и сите три големи експанзии: Mask of the Betrayer, Storm of Zehir и Mysteries of Westgate. Ова претставува над сто часа игра низ четири уникатни кампањи кои ви се достапни од самиот почеток, иако, ние строго препорачуваме да ги играте по редот на нивното оригинално излегување.

Напредок или деградација?

Најголемите предности се забележуваат во поглед на техничките аспекти. Па така, ќе наидете на пријатни изненадувања во поглед на крос-плејот и мултиплеерот. Имено, најзначајната иновација е воведувањето на целосно поддржан крос-плеј мултиплеер. До четири играчи можат да формираат партија низ сите платформи (PC, PlayStation 5, Xbox Series X|S, Nintendo Switch). Благодарение на ова, целосно се ревитализира кооперативниот аспект, овозможувајќи тактичка соработка во реално време и заедничко носење одлуки.

Втората работа е поврзана со поддршка за контролер и подобрување на корисничкиот интерфејс. За првпат, играта нуди целосна поддршка за контролер, при што и самиот интерфејс е редизајниран за да овозможи интуитивно искуство на конзола. Сепак, ова подобрување открива јасен развоен приоритет.

Од визуелен и технички аспект, ќе наидете на подобрени текстури и ажурирани визуелни елементи, со поддршка за 4K резолуција и до 120fps. Но, ова е меч со две острици и иако некои елементи, како оклопите, изгледаат значително подобро, други, како лицата на ликовите, се со променлив квалитет. Паралелно со ова, забележително е дека целокупното осветлување е потемно, што ѝ дава на играта неприроден изглед кој не резонира на ист начин како посветлиот и пошарен оригинал. Перформансите иста така можеле да бидат подобри затоа што и помоќни компјутери може да се измачат со одржување на 120fps.

Оригиналниот Neverwinter Nights 2 беше озлогласен по своите багови, проблематичната камера и лошата оптимизација. Enhanced Edition се обидува да ги реши овие проблеми со порафинирани контроли на камерата и подобрени механики. Арно ама, иако камерата е навистина подобрена и пофлуиедна, сепак не е доволно модернизирана и нема имплементирано доволно пристапни техники, заостанувајќи зад денешните стандарди.

Од друга страна, значајно подобрување е воведувањето поддршка за Steam Workshop, што го олеснува инсталирањето на модови и ја поттикнува креативноста на заедницата. Дефинитивно не ја пропуштајте можноста да видите што ве чека таму откако ќе ги завршите авантурите преку четиите кампањи.

Класиката живее!

Neverwinter Nights 2: Enhanced Edition претставува значаен чекор напред, првенствено во поглед на достапноста и мултиплеер можностите. Вклучувањето на сите експанзии, крос-платформската игра и поддршката за контролери го прават најсеопфатната и најпристапна верзија на играта досега.

Иако не е целосен римејк, Neverwinter Nights 2: Enhanced Edition успешно го исполнува ветувањето да го обнови и подобри класичното искуство. Неговите најголеми придонеси лежат во проширувањето на досегот на играта и ревитализацијата на нејзината заедница. И покрај преостанатите технички несовршености, ова е пофален напор да се зачува и модернизира една сакана D&D авантура.

3 огромни експанзии

Она што го прави ова издание навистина комплетно се трите вклучени експанзии, кои драстично го прошируваат искуството.

Првата, Mask of the Betrayer, се смета за една од најдобро напишаните приказни во жанрот. Таа директно се надоврзува на крајот на оригиналната кампања, фрлајќи го вашиот сега веќе моќен херој во мрачна и филозофска авантура. Проколнати со ужасна глад за души, мора да патувате низ далечни земји за да ја откриете природата на вашата клетва. Уникатната механика на духовна глад и темите за жртвување и бесмртност ја прават оваа експанзија незаборавно, епско искуство за ликови на високо ниво.

Сосема поинаков пристап нуди експанзијата Storm of Zehir. Тука, фокусот се префрла од еден херој на управување со цела дружина авантуристи кои самите ги создавате. По бродолом на бреговите на егзотичната и опасна земја Самарах, играта се претвора во авантура на истражување и опстанок. Наместо линеарна приказна, добивате слобода да истражувате огромна мапа, да се впуштите во трговија и економија, и постепено да откривате заговор кој се заканува на целиот регион. Овој фокус на слобода и управување со ресурси нуди свежо и поразлично искуство во рамките на истиот универзум.

Третата експанзија, Mysteries of Westgate, е покомпактна авантура сместена во истоимениот, озлогласен град. Во оваа урбана средина каде што сè има цена, вие сте вовлечени во мрежа од интриги и мистерии додека се обидувате да се ослободите од проколнат артефакт. Приказната е полна со пресврти и морално сиви избори, поттикнувајќи решавање на задачите преку итрина и дијалог, наместо само со борба. Оваа експанзија успешно ја доловува атмосферата на детективска приказна во еден суров и корумпиран свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk