Надополнување: Одбравме читател за Furnish Master!
По случаен избор, кодот го испративме на:[email protected]
Благодарност до сите учесници. Останете и понатаму наши читатели, ќе има уште Giveaway-и!
Има нешто посебно забавно во релаксирано опремување и уредување станови, куќи и дворови. Финансии и мотивација би можеле да се пречка за ваквото нешто во вистинскиот живот, но не и доколку решите да ја проверите најновата игра на Алекс Блинтсов – Furnish Master.
Доме сладок доме
Примарната цел во Furnish Master е релаксирано уредување на домот така што поставувате најразлични предмети како што вие сакате, сѐ со цел да се осмислат идеалните соби.
Лесно можете да одредувате предметите да се направени од најразлични материјали, во различни големини и во различни бои. Иако играта е замислена да понуди релаксирачно искуство кое е лишено од какви било предизвици, имате на располагање и Story mode. Преку овој режим, купувате најразлични места низ градот, инвестирате во нив така што ги уредувате најдобро како што мислите и потоа ги продавате истите за да извлечете профит.
Ни се допадна и тоа што Story модот има и посебен дел каде е потребно да решите одредени предизвици и загатки, како поминување низ тесни простори, поставување различни цевки во претходно претходно-фиксирани одводи, или пак решавање сложувалки.

На штотуку излезената Furnish Master допрва ќе се работи, така да силно би сакале да ве охрабриме да не се разочарувате од грешките во преводот или одредени неочекувани багови при поставување на предметите. Како игра која е дел од раниот пристап на Steam, допрва ќе се воведуваат нови содржини. Во наредната година, година-и-пол, Алекс планира да го надополни Story модот со меѓусеквенци, да го прошири арсеналот од предмети со кои може да се уредуваат домовите, да воведе поддршка за модови, да исправи бројни багови и ред други работи!

Giveaway!
Доколку ви се допадна ова што го прочитавте и сакате и вие да пробате да добиете бесплатна копија од Furnish Master, ве молиме оставете коментар под овој текст со вашиот и-мејл.До крајот на неделата, ќе наградиме еден наш читател со целосна копија од играта!
Среќно!

Повеќе детали за играта
- Произведува: Alex Blintsov
- Издава: Alex Blintsov
- Жанр: Симулација
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 20 февруари 2024

Furnish Master има и бесплатно демо кое можете да го проверите од официјалната страна на Steam!








[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
[email protected]
Нека има