0 коментари 1 мин. читање 21 септември, 2012

Несудените основачи на Facebook, близнаците Винклвос имаат нова друштвена мрежа

После серијата тужби и жалби на судските одлуки за кој е вистинскиот основач на Facebook, браќата Винклвос решија да се свртат кон иднината и да заборават на минатото. Тие на почетокот на годинава основаа фонд за ризичен капитал – Winklevoss Capital, а пред неколку денови инвестираа милиони во стартапот SumZero, кој претставува друштвена мрежа за инвеститори.

Основач на SumZero е Дајви Нарендр, нивен пријател уште од студентските денови во Харвард и трет ко-основач на друштвената мрежа ConnectU која помалку и му беше инспирација на Марк Закерберг да го развие денешниот Facebook.

SumZero е проект започнат уште пред 4 години и моментално има 7.500 корисници, но тоа е бидејќи г. Нерендр лично ги одобрува новите корисници. Негова цел е да направи една елитна друштвена мрежа на инвеститори и кои ќе ги гледаат само најдобрите идеи за инвестирање, планови и стратегии.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top