Што се крие зад екранот и маската на iPhone 5? Многумина од вас нема ни да помислат да го отворат телефонот да проверат, бидејќи нели е под гаранција, но затоа тука е iFixit кој го објави своето веќе традиционално расклопување на новиот паметен телефон.
Како што веќе знаеме iPhone 5 овојпат е со поголеми димензиии, работи на А6 процесор, кој е прв персонализиран процесор на Apple, 1 GB DDR2 RAM, поголема батерија која држи до 225 часа, односно 8 часа разговор… сите овие детали ги имате на сајтот на Apple.
Тоа што е интересно е што според iFixit, iPhone 5 е „најпоправливиот iPhone до сега“, односно сите делови се лесни за вадење и можат да се заменат брзо, тука се вклучени и екранот и батериите и физичкото копче. Сајтот го оценува уредот со 7 од 10. Фотографиите и повеќе детали од чекор-по-чекор расклопувањето ќе ги најдете на сајтот на iFixit, подолу е краткото видео.
[youtube]nlUQfXwvQLc[/youtube]
