1 коментар 2 мин. читање 28 септември, 2016

Нема податоци за Facebook од германците кои користат WhatsApp

Германските власти му забранија на Facebook да прибира податоци за корисниците преку WhatsApp.

Комесарот за заштита на лични податоци и слобода на информации вели дека германските корисници не му дале дозвола на Facebook за собирање и обработка на нивните податоци. Заедно со оваа информација комесарот му испорача забрана на Facebook за собирање на податоци за граѓаните на Германија.

Најголемата социјална мрежа се разбира ќе се жали на одлуката, но барем засега ќе мора да престане да ги собира податоците. Комесарот побара од социјалната мрежа да ги избрише пoдатоците на Германците кои веќе ги има собрано.

„Мора да биде одлука на корисниците. Дали сакаат да го спојат профилот со Facebook. Поради ова Facebook мора однапред да побара дозвола. Ова не се случи.“, вели Јоханес Каспар во изјава која ја пренесе New York Times.

Проблемот е од неодамна, кога WhatsApp најави промени во праксата за приватност и собирање на податоци. Во август WhatsApp објави дека ги менува правилата за користење, и ќе започне да ги споделува податоците со граѓаните. Претходно двете компании ги уверуваа корисниците дека нема да има промени, и дека компаниите нема да ги споделуваат овие податоци.

Одлуката на германскиот комесар речиси без сомневање ќе повлече низа законодавци во Европа да ја разгледаат одлуката на Facebook.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top