Реклами за корисниците, податоци за Facebook! WhatsApp со куп непопуларни најави

Еден од најпопуларните сервиси за инстант комуникација, WhatsApp, најави дека ќе промени една пракса која ќе го оддели од конкуренцијата.  Наскоро на корисниците на сервисот ќе им бидат презентирани реклами.

Ова сепак не е најголемиот проблем. Компанијата најавува дека започнува да ги споделува податоците со Facebook (потсетник: FB го купи WhatsApp во 2014-та), кој ќе ги користи за предлагање на пријатели и за порелевантни реклами. Ова ќе ѝ овозможи на социјалната мрежа да ги „спои“ пријателите кои имаат разменето телефонски броеви, но не се пријатели на социјалната мрежа. Еве што тврдеа во 2014 кога социјалната мрежа стана сопственик на WhatsApp:

„Ако партнерството со социјалната мрежа значи дека треба да ги промениме нашите вредности, немаше да го направиме ова. Наместо ова креираме партнерство кое ќе ни овозможи да оперираме независно и автономно. Нашите основни вредности и верувања не се променети. Нашите принципи нема да се променат…“

Тимот на WhatsApp сподели неколку начини со кои корисниците ќе можат да ја напуштат „програмата“. Првиот е да ја деселектираат оваа функција на екранот пред да се согласат на новите правила. Доколку веќе се согласиле без читање, корисниците имаат 30 дена пред изборот да стане активен. Локацијата каде треба да се направи променатa е во: Settings > Account > Share my Account Info.

Што се однесува до приватноста таа останува иста како и досега. Пораките се криптирани и никој, ниту во WhatsApp, ниту во Facebook може да ги прочита.

Ако не ви текнува на ставот на WhatsApp за рекламите од пред неколку години, Recode има одличен забавен текст кој ќе ве потсети.

„Не мора да ни го кажете името, не ја бараме вашата имејл адреса. Не го знаеме вашиот роденден. Не ви ја знаеме ниту адресата. Не знаеме каде работите. Не знаеме што ви се допаѓа, што пребарувате на интернет или вашата GPS локација. Ниту еден од овие податоци никогаш не е собран од WhatsApp и нема да го промениме ова.“, вели WhatsApp во постар блог пост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] е од неодамна, кога WhatsApp најави промени во праксата за приватност и собирање на податоци. Во […]