0 коментари 3 мин. читање 28 септември, 2016

АВМУ: Телевизијата е најчесто употребуван медиум за информирање во Македонија

Телевизијата е најчесто употребуван медиум за информирање во Македонија, но граѓаните сега се попаметни потрошувачи, па бараат повеќе извори на информации. Ова го покажува анализата која ја направи Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Компјутер поседуваат 89.8 отсто од испитаниците. Најголем дел, 73.8 од сите испитаници имаат таблет, десктоп или лаптоп компјутер поврзан на интернет; 16 отсто немаат компјутер поврзан на интернет, а 10.2 отсто не поседуваат ниту компјутер. Најголем дел од учесниците во анкетата одговориле дека ги користат овие уреди за гледање телевизија.

  • Само 17 отсто никогаш не гледале телевизија на компјутер;
  • 7.4 отсто гледаат телевизија на интернет секојдневно;
  • 12.8 отсто неколку пати во неделата;
  • 23 отсто еднаш неделно,
  • а 29.4 отсто поретко од еднаш неделно.

Што се однесува до телевизија која преку паметни телефони би била достапна насекаде,  дури 59.5 отсто од испитаниците не поседуваат ниту паметен уред на кој би можеле да ја следат програмата. Корисниците кои поседуваат телефон на кој може да гледаат телевизија не го прават ова, 54.3 отсто од испитаниците не ја користат оваа можност. Единствено 4.8 отсто гледаат телевизија на паметниот уред секојдневно. Очекувано помладите почесто ги користат своите телефони за следење на телевизија преку паметни телефони.

image-885

Дури 75 отсто од граѓаните секој ден се информираат од телевизијата, но сега интернет е на второто место со 48.1 отсто. Кога информирањето на граѓаните е во прашање, само во последната година телевизијата забележа пад од 7.8 отсто.  Печатените медиуми со 12.1 отсто се на трето место, а на последно место е радиото. Со понатамошен пад печатените медиуми и радиото би можеле да бидат заборавени.

Граѓаните со повисоко образованите го користат Интернет како примарен медиум за добивање на податоците. Ситуацијата со образованието е обратна со граѓаните кои ја користат телевизијата како примарен извор на информации.

*Споделените резултати се од анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Анкетата е направена во 2015, а во неа учествувале 1.200 испитаници.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top