Бројот на „интернет на нештата“-уреди е во постојан пораст. Поголемиот број за жал не значи единствено повеќе уреди, туку и повеќе небезбедни уреди. Никој не спори дека интернет на нештата е следниот чекор во равојот, но уредите мора да бидат и безбедни.
Иако постојано се пронаоѓаат нови решенија и се затвораат некои дупки, се чини дека зад секој надминат пропуст се отвора нов. Само во новиот оперативен систем на Samsung, Tyzen има 40 „zero day“ пропусти, вели ReadWrite.
Проблемот со небезбедните уреди не е единствено што може да се користат за DDoS напади. Може да се користат за напад на апликацискp ниво и со тоа да се опасност за интернетoт.
За поголема безбедност ReadWrite има неколку совети:
- Поголема одговорност. Производителите и продавачите мора да знаат дека најголем дел од компаниите кои работат на развој на технологијата не се технички компании. Поради ова и безбедноста е загрозена. Компаниите мора да бидат свесни за ова и да се погрижат да го намалат ризикот. Продавање на уреди кои се небезбедни не смее да биде пракса.
- Автоматска надградба. Недостатокот од надградби е можеби и најголемиот проблем во моментот. За еден дел од уредите воопшто и нема надградби, а ова секако е проблем. Што ќе се случува со овие уреди по истекувањето на гаранцијата е посебен проблем.
- Транспарентност. Производителите на уреди мора да го олеснат пријавувањето на безбедносни пропусти. Потоа овие пропусти мора да бидат објавени и секако надминати. Креирањето на имејл адреса која е наменета специјално за пријавување на безбедносни пропусти е едно од можните решенија.