Најголемите технички компании помеѓу кои се и Apple, Facebook и Google се во одбрана на податоците за локацијата на корисниците. Компаниите од Врховниот суд бараат ограничување на начинот на кој полицијата може да дојде до локацијата на корисниците.
Компаниите бараат од судот пред споделувањето на овие податоци агенцијата да мора да прикаже основано сомневање.
Судскиот спор поради кој компаниите го поднесоа ова барање е Карпентер против САД. Како дел од истрагата, агенциите за спроведување на законот побарале од телеком операторот податоци од антените за локацијата на Тимоти Карпентер. Овие податоци агенцијата ги добила без налог, јави Register.
Тимоти Карпентер е осуден за грабеж во повеќе продавници за електрична опрема. Еден од главните докази кои се искористени против него се токму локациите кои се добиени по Законот за зачувани податоци. Сепак, гигантите денес бараат локацијата на корисниците да биде подобро заштитена. Четвртиот амандман на Уставот на САД мора да биде прилагоден на технологијата.
Како преседан за претходната одлука на окружниот суд е искористена претходна одлука. Одлуката се темели на податоци кои се собрани од телефонската компанија. Во 1929 година судот одлучил дека обвинетиот нема право да очекува приватност бидејќи самиот ги споделил податоците (повикуваните телефонскиот броеви) со компанијата.
Google, Apple и Facebook велат дека ова не може да се користи денес, бидејќи податоците од базните станици корисникот нема избор дали ќе ги сподели. Поради ова, компаниите инсистираат за дека за овие податоци мора претходно да биде издаден налог.
Иницијативата ја потпишаа повеќе компании. Помеѓу потписниците се: Airbnb, Apple, Cisco, Dropbox, Evernote, Facebook, Google, Microsoft, Mozilla, Nest Labs, Oath (новото име на Yahoo!), Snap, Twitter и Verizon.