0 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2021

Недостатокот на чипови го зафати и Apple

За да може да продолжи со незабавено производство на iPhone 13, Apple мораше да го намали производството на таблет компјутерите iPad. Компанијата во периодот од септември до октомври го намали производството на популарниот таблет за 50 отсто.

Жртва на приоретизирање на iPhone 13 се и резервните делови за постарите модели на телефоните, јави Nikkei Asia.

Одлуката за производство на повеќе паметни телефони од таблет компјутери се предвидувањата за поголемо побарување на телефоните. Периодот за новогодишните празници вообичаено е делот во годината во кој Apple продава најмногу телефони. iPhone 13 е најновиот телефон на Apple, компанијата на 15-ти септември претстави четири различни модели.

За среќа телефоните и таблет компјутерите на Apple користат повеќе заеднички делови кои може како во случајов да се пренаменат од iPad за iPhone.

Проблемите со недостигот на чипови оваа година придонесува таблет компјутерите на Apple да доцнат неколку месеци. Купувачите кои порачале таблет во октомври ќе мора да чекаат на својот iPad до средината на декември. Сличен е случајот и со iPad mini, за кои купувачите ќе мора да почекаат до првата недела во декември.

Како последица на глобалниот недостаток на чипови аналитичарите ги намалија предвидувањата за заработката на Apple од 120 милијарди на 118,5.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top