Tesla ќе за почне со пилот програма која на сопствениците на електрични автомобили кои не се произведени во нивните фабрики ќе им овозможи да ги полнат на Tesla полначите. Програмата започнува на 10 полначи во Холандија.
Сопствениците на возилата кои не се произведени од Tesla ќе мора да ја преземат апликацијата, да одберат „Charge Your Non-Tesla“ да пронајдат соодветен полнач и потоа начин на плаќање. Цената на струјата е иста како и за сопствениците на Tesla, но во вкупната сметка се пресметуваат и дополните ставки. Полоша вест е дека корисникот ќе мора самиот да го активира и деактивира полнењето на батеријата, а и полнењето е побавно отколку за Tesla возилата.
Целиот пилот проект треба да покаже и како додавањето на нови корисници ќе влијае на сопствениците на Tesla.
Мрежата за полнење на Tesla со над 25000 локации е најголема во светот. Зголемувањето на бројот на станици на кои сопствениците на електрични возила можат да ги полнат своите возила треба дополнително да влијае на зголемувањето на интересот за купување на електрични возила и за откажување од возилата со мотори со внатрешно согорување.
Во Европа електричните возила користат конектор според CCS стандард. Ова овозможува сите возила да може да се полнат на исти локации. Ова не е случај во САД, и таму ако компанијата ја отвори мрежата ќе бидат потребни дополнителни адаптери, јави TechCrunch.