9 коментари 3 мин. читање

Не секое училиште има „компјутер за секое дете“

Поминаа три години од стартувањето и реализацијата на проектот „Компјутер за секое дете“. Проектот е релативно успешен бидејќи во многу училишта се користат компјутерите. Како и за што, ќе треба да помине време за да се видат резултатите од сегашниве ученици.

Тоа што сега е важно е да се користат компјутерите во сите училишта ширум Македонија, што за жал не е и случајот бидејќи бројни училишта одбиваат да ги користат компјутерите. Според  министерот за образование Панче Кралев, одговорноста за компјутерите, и дали се тие употребуваат, е на грбот на општините и училиштата

„Ние сме постојано заедно со Министерството за информатичко оптество во однос на контрола на училиштата и тоа како опремата се користи и што може да биде направено за да биде во подобра функција. Од страна на владата компјутерите се отстапени на училиштата. Нивна обврска беше да ги стават во функција компјутерите. Тие компјутери ќе ја создадат подлогата за понатамошниот начин на кој ќе се изведува наставата“, вели министерот Кралев.

„Koмпјутер за секој крадец“

Еде од проблемите со проектот „Компјутер за секое дете“ е што училишните компјутери се привлечна мета за крадците. Скоро секој месец има по неколку пријавени кражби на компјутери од училиштата. Кој треба да ги надокнади оштетите ќе зависи од заедничка соработка од училиштата, општините, министерствата и секако МВР. Претходно, побаравме статистички информации од МВР за колку има пријавени случаи на кражба, колку од криминалците се фатени, колку од компјутерите се вратени… Тие информации сè уште не ни се доставени.

Еве листа по хронолошки ред почнувајќи од најновиот датум на кражби на училишни компјутери кои се случија во 2011-та. Линковите се од извештаите објавени во разни медиуми:

  • 19 август – украдени се четири компјутери и плазма монитор од тетовското основно училиште Исмаил Ќемали од село Нараште. Вкупна штета е 72.000 денари.
  • 14 јули – украдени се 33 лаптоп компјутери од основното училиште Владо Тасевски од Скопје. Во веста стои дека „во текот на школската година се украдени над 500 компјутери од училишта, главно од Скопје.
  • 13 јули – украдени 12 компјутери во вредност од околу 3.400 евра од основното училиште Тефејуз од улицата Чаирска, Скопје.
  • 8 јули – Украдени се 19 компјутери од основното училиште Емин Дураку од скопското село Долна Арнакија. Оштетата е 150.000 денари.
  • 11 јули – украдени 24 монитори, осум куќишта од компјутери, 60 тастатури и 60 мауси за компјутери од основното училиште Дитурија од скопското село Грчец.
  • 25 јуни – украдени се 132 лаптоп компјутери од основното учулиште Војдан Чернодрински од Скопје.
  • 05 јуни – украдени се 57 лаптоп компјутери од основното училиште Лазо Трповски во Скопје. Штетата е 855.000 денари.
  • 25 мај – уапсена група провалници за кражба на 19 лаптопи од основното училиште Страшо Пинџур од скопската населба Даме Груев.
  • 20 април – уапсени девет малолетници кои се сомничат за кражба на 70 лаптопи од основното училиште 7 Март од Скопје. 
  • 13 април – украдени 150 детски лаптопи од основното училиште Петар Поп Арсов од скопската населба Карпош. Вработените се жалат дека и пред тоа им биле украдени 84 компјутери.
  • 9 април – украдени 30 лаптопи од основното училиште Наим Фрашери од скопската населба Студеничани. Проценета штета од 4.500 евра.
  • 11 февруари – украдени се 42 лаптопи од ОУ Братство и единство од Скопје.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top