Само три македонски продавници за книги нудат онлајн продажба

7 коментари 3 мин. читање

Општо познат факт е дека Amazon, можеби заедно со Ali Baba, е една од најуспешните и најмоќните електронски продавници во светот, чија првична цел беше продажба на книги. Водени од таа успешна приказна и знаејќи го амбициозен план на Министерството за информатичко општество да отвори, имплементира и хостира, 100 електронски продавници за 100 македонски бизниси и стартапи во тек на 2012-2013 година, одлучивме да провериме дали и колку македонските продавници за книги овозможуваат онлајн продажба.

Од краткото истражување кое го спроведовме дојдовме до заклучок дека новиот проект на МИО би им бил од голема корист на македонските продавници за книги, бидејќи за жал скоро ниту една од нив не подржува соодветна онлајн продажба. Голем дел од овие продавници за книги не ни имаат свој веб сајт, а тие што имаат или се стари, или нефункционални. Во прилог ги имате сите позначајни македонски продавници на книги со информации за тоа дали имаат веб сајт и дали е можно купување онлајн.

  • АЕА-Египетска Сонувалка – практично како да нема веб сајт;
  • Бегемот – нема веб сајт , има Facebook фан страна;
  • Ѓурѓа – оваа издавачка куќа може да се пофали со одлично дизајниран веб сајт, во кој е интегрирана и нивната официјална Facebook страница. Овој веб сајт исто така вклучува и опција за онлајн продажба;
  • Или-Или – нема веб сајт, има Facebook страна;
  • Икона – нема веб сајт;
  • Култура – има веб сајт, содржејќи опција за најавување која е нефункционална, а оваа опција е најблиску до било каков друг знак за онлајн продажба. Сепак Култура има продавница во склоп на tc.mk (tnx Војо) ;
  • Магор – има веб сајт, меѓутоа е прилично застарен, и се разбира не подржува онлајн продажба. Има полу-приватен профил на Facebook;
  • Матица Македонска – оваа продавница за книги и издавачка куќа има веб сајт, меѓутоа на почетната страна сè уште стои летната понуда, што претставува одличен показател дека нема опција за онлајн продажба. Има полу-приватен профил на Facebook;
  • Просветно Дело – има веб сајт, меѓутоа нема можност за онлајн купување. Има пoлу-приватен профил на Facebook;
  • Табернакул – има веб сајт, кој и покрај тоа што е само HTML, сепак нуди можност за онлајн купување. Според нивниот веб сајт книги се испорачуваат само на територијата на Република Македонија, книгата се испраќа по пошта заедно со уплатница, на цената на книгата се додаваат 50 денари за поштенски трошоци;
  • Темплум – има нефункционален веб сајт. Има Facebook профил;
  • Три – има веб сајт, кој исто како и Табернакул нуди можност за онлајн купување. За поштенски трошоци Три наплаќа 90 денари, и книгата треба да пристигне по пошта во рок од пет до седум дена од моментот на нарачка;
  • Тримакс – иако оваа продавница се занимава со продажба на географски карти, сепак може да се вброи во продавниците за книги. Тримакс има сопствен веб сајт кој нуди онлајн продажба;
  • Феникс – нема веб сајт.

Бонус!

Сакам Книги е портал за книги кој има најдобар сајт од сите книжари и кој на Facebook им соодветна фан страна со над 39.000 фанови. Порталот објавува за книги, за промоции и попусти, дели награди на членовите…

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top