На 7 декември со почеток од 20.00 часот во просториите на Public Room ќе се одржи осмиот по ред локален WordPress Meetup. Разликата на овој meetup со претходните, е што овој настан сега е официјален, признаен од WordPress.org.
Целта на овие собиранки е да се споделат искуства, да се стекнат нови пријателства со истомисленици и да се оддаде почит кон платформата со отворен код. Како иницијатор за овој настан се јавува Томе Пајковски.
Како поминаа 7-те претходни meetups?
Томе: Во претходните 7 meetups пробавме да се собереме група на WordPress ентузијасти, кои сакаат да научат повеќе, да споделат искуства и знаења, да придонесат во WordPress и да вратат на платформата од којашто сите придобиваме.
Што е целта на овие неформални дружби на WordPress ентузијасти?
Томе: Целта на овие неформални дружби, е да го подигнеме нивото на WordPress во Македонија; да организираме предавања кадешто би се опфаќале интересни теми од опсегот на WordPress, развој на веб и пошироко. Долгорочна цел ни е да го организираме првиот WordCamp во Македонија. За тоа би целеле кон крајот на 2017, почеток на 2018 година.
Велите дека овој meetup е првиот официјален, што подразбира тоа?
Томе: Прв официјален meetup значи дека сега сме дел од WordPress.org. Тоа претставува чекор напред, со оглед дека потврдија дека се придржуваме кон петте принципи на WordPress Meetups кои гласат:
- Meetup-ите се за бенефит на целосното WordPress општество, а не одредени бизниси или индивидуи. Сите акции што ги правиме (организираме) се во најдобар интерес на општеството;
- Присуството е отворено на сите што имаат желба да се прилучат, без разлика од било знаење, способност, финансиски статус и кој друг критериум.
- Meetup-ите се водени од волонтери, и од страна на волонтери говорници.
- Meetup-ите можат да бидат организирани од секој одговорен/доверлив член на општеството.
- Meetup-ите се места кадешто сите работат да создадат добредојдена средина, кадешто се ослободени од дискриминација, повик на насилство, промоција на омраза и генерално простачко однесување.
Според настанот на Meetup.com, агендата за WordPress Meetup #8 e:
- “WordPress themes, the right way”, Како да создадеш оригинални теми, или да модифицираш постоечки; Презентација на Митко Кочковски, Lead Developer и ко-сопственик на Devvironment
- Help Sеction – Си заглавил со нешто? Треба помош? Те интересира нешто ново? Ова е моментот да си прашаш :)
- Планирање на следни Meetup-и и предавања.
За да го потврдите вашето учество на WordPress Meetup #8 на 7 декември во Public Room, со почеток од 20.00 ч. кликнете на следниов линк.







